• Latest

Господ или СДСМ го носи животот во Македонија – ден петти

September 30, 2017
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Господ или СДСМ го носи животот во Македонија – ден петти

September 30, 2017 17:12
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изборната кампања за локалните избори што ќе се одржат на 15 октомври, зема замав. Политичарите водат силна битка. Секој град, секое населено место, маало, улица…, се политичка арена, каде политичарите се мечуваат со проекти и ветувања, реални и тешко остварливи.

Сè уште во духот на демократијата, но и со вокабулар полн со пораки што шират омраза, исполнет е говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Во интервалите од судските рочишта за обвиненија од СЈО, во предметите што произлегоа од аферата „Прислушување“, Груевски вложува максимални напори, (зашто, сè уште е без пасош) да ја продолжи битката, за да си ја спаси „кожичката“.

Користејќи ги познатите флоскули, прашувајќи дали СДСМ и Заев се „свесни дека тргуваат со народните интереси?“, тој повторно се обиде емотивно да допре до гласачите од Карпош.

„Исто така, во нивните говори има непромислени работи како, дека тие ќе донеле живот, а веќе видовме што живот донесоа овие четири месеци и ако некој им веруваше пред 11 декември, сега веќе многу малку има, животот не можат да дадат, тие, бидејќи животот го дава Господ и не треба да се прават Господ, бидејќи Господ го одредува тоа. На 15 октомври ќе видат што е масовно и достоинствено гласање, за ‘Новата ера’“, рече демохристијанинот Груевски, повикувајќи се на Бога.

Но, сигурно има краткотрајна меморија, зашто многу брзо заборавил што правеше со парите од најсиромашните граѓани во државава, на кои што им ја кратеше социјалната помош на сите начини, па и за добиени минимални 500 денари награда од „Храна и вино“, домаќинките остануваа без надомест. Тој пак, со нивните пари, хедонистички и бесрамно си ги купи своите брендирани „сан глесис“ од 60.000 евра. И сето тоа, како прононсиран демохристијанин,веројатно, во името на Господ.

Неговиот ривал Зоран Заев, (ко ги експонираше чувствата за Дојран оти оттаму му била првата љубов, без да знае дали тоа можеби не е случај и со Груевски), во битката за задржување на власта ја побара поддршката и на граѓаните од Берово. Оттаму, на јавноста многу храбро ѝнајави: „Секој граѓанин, со каков предизвик и да се соочи, градоначалникот, Општината, ако треба цела држава, ќе застане зад него да помогне“! Ветување за почит, остварување…, според досегашното искуство, ќе треба и помош од божја страна.

Коце Трајановски пак, вети дека ќе го подобрува сообраќајот на Скопје и тоа со проширување на „Пластичарската“, улица која не е тесна, туку ја претрчува кој кога и како сака… Кој знае, покрај боењето на кутрото Скопје во зелено, може и така ќе дојде до глас повеќе.

А, Петре Шилегов, ја претпочита зелената боја, и ќе ја почитувал волјата на граѓаните за изгледот на ГТЦ и ќе го оставел отворен за сите, ама „ќе направел зелен покрив на ГТЦ“, оти со „чист воздух“ – СДСМ ќе го носел животот во Скопје.

Левица најави сериозни заложби против урбанизација на реката Вардар и ќе го враќа првичниот изглед на реката?!

Додека реформистите на ВМРО-ДПМНЕ решија да ги остават своите сопартијци сами да одлучат дали воопшто и за кого ќе гласаат, беровскиот Општински комитет на ВМРО-НП му изрази поддршка на кандидатот од СДСМ, Звонко Пекевски и на целата советничка листа на СДСМ.

Демократската унија за интеграција на митинг во Студеничани им вети поддршка на постоечките бизниси, и отворање нови работни места, при презентацијата на програмата на кандидатот за градоначалник, Феми Јонузи, а кандидатот за градоначалник на Општина Тетово од ДПА, Биљал Даути на тетовчани им укажа на уште едно неисполнето ветување од досегашната градоначалничка, Теута Арифи, која ветуваше и изградба на ново основно училиште во една приградска населба, ама не го изгради.

Ветувања, планови, проекти, пари, нови вработувања… Кампањата продолжува, засега, во мирна и демократска атмосфера.

Моника Талеска

Tags: ветувањаВМРО-ДПМНЕДПАДУИЗоран ЗаевЛевицалокални избориНикола ГруевскиСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ