• Latest

Граѓанското новинарство ги поместува границите на традиционалните медиуми

August 5, 2016

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Граѓанското новинарство ги поместува границите на традиционалните медиуми

August 5, 2016 12:51
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

„Во својата најосновна форма, граѓанското новинарство е кога обични луѓе го прават тоа што во принцип го прават професионалните новинари – пренесуваат информации“, е дефиницијата која експертот за новинарство, Тони Роџерс, ја користи за  да го претстави овој општествен феномен.Информацијата која граѓанскиот новинар ја пренесува може да е претставена во најразлични форми, од краток, обичен текст до објава за седница на градскиот Совет на приватен блог. Информацијата може да се состои од текст, слика, аудио или видео материјал. И се ова со една цел – да пренесе некоја информација.

Друга, карактеристика на граѓанското новинарство е дека најчесто може да се најде онлајн. Всушност, појавата на интернет блогови, видеа и други иновации поврзани со интернетот е она што го направи граѓанското новинарство можно.

13558866_993566620761807_830027997143334978_o

Интернетот им дава простор и можност на обичните луѓе да пренесуваат информации глобално. Таа моќ порано беше резервирана само за големите медиумски корпорации и новинарски агенции.

Постојат различни форми на граѓанско новинарство, но според Стив Оутинг  и според други експерти, може да се подели на две основни категории, делумно независно и целосно независно граѓанско новинарство.

Во првиот случај, станува збор за граѓански новинари кои со своите информации придонесуваат кон веќе постоечки професионални веб-странци. Независното граѓанско новинарство, од друга страна, ги претставува оние граѓански новинари кои се целосно ослободени од традиционалните, професионални медиуми.

13495410_989089897876146_3982973900507327309_o

Проектот „Граѓански објектив“ кој веќе единаесет месеци го спроведува ЦИВИЛ – Центар за слобода, има за цел да го промовира и развие концептот на граѓанско новинарство, како се уште е нов начин на информирање во Македонија.

Овој проект е комбинација на двата основни вида на граѓанско новинарство, односно, сите учесници во натпреварите „Биди граѓански новинар“, имаа можност со своите информации да ги надополнат вестите кои секојдневно ЦИВИЛ ги објавува, а кои сведочат за прекршување на човековите права и слободи, со посебен акцент на изборниот процес, но и преку своите фото и видео содржини, целосно независно да информираат за тоа што се случува во нивната средина.

ЦИВИЛ ги повикува сите оние кои се заинтересирани да бидат граѓански новинари, да ги научат потребните алатки за споделување на информацијата на глобално ниво, и со тоа да ги поместат границите на традиционалните медиуми, да се пријават за натреварот „Биди граѓански новинар“ и да бидат дел од обуката, која ќе се одржи на 15-ти август во хотелот „Сити Парк“, во Скопје.

13502863_989091164542686_8160868313020217064_o

Сите заинтересирани можат да се пријават до 12 август, на civil.macedonia@gmail.com, едноставно, со мотивациско писмо до 420 знаци (колку три твита), точно име и презиме, телефонски број и линк до Фејсбук профилот на кандидат(к)ите. Бројот на учесници е ограничен.

Обуката за доделување награди за граѓанско новинарство се дел од проектот„Граѓански објектив“, финансиран од National Endowment for Democracy.

Tags: Граѓански објективИнтернетМакедонијаМедиумиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ