• Latest

Градоначалникот на Кавадарци Панов зад решетки за изборен поткуп

August 18, 2017

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Градоначалникот на Кавадарци Панов зад решетки за изборен поткуп

August 18, 2017 14:45
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Судот му изрече два месеца затворска казна на градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов за нудење и давање поткуп за време на минатогодишните предвремени, парламентарни избори, објави новинската агенција МЕТА.

За кривичното дело за кое е осуден Панов, предвидена е парична казна или казна затвор од една година. Како што при изрекувањето на пресудата појаснил судијата Лазар Нанев, според класификацијата на делото и околноста дека Панов е досега неосудуван, законодавецот утврдил парична казна или казна затвор од еден до два месеца. Кавадаречкиот градоначалник ја добил максималната предвидена казна, која ќе се изврши по правосилноста на пресудата.

Според Обвинителството, Панов, кој е градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на 9 декември, минатата година, два дена пред одржувањето на парламентарните избори, во својата канцеларија во Општината, на три лица со право на глас им дал по 1.000 денари за да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.

Панов и неговиот адвокат денеска не присуствуваа на изрекувањето на пресудата.

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги набљудуваше предвремените парламентарни избори во 2016 година и излезе со низа наоди за изборни нерегуларности во својот Извештај од изборниот мониторинг. Мониторинг тимовите на ЦИВИЛ известуваа за голем број случаи на кршење на човековите права во изборен контекст, злоупотреби, притисоци, поткуп на гласачи и други облици на политичка корупција и изборни манипулации.


извор: МЕТА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Александар ПановВМРО-ДПМНЕзатворизбориполитичка корупцијапоткуп
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ