Скопје би морало да има градска мудрост, логика која ќе препознава кога е (пре)доволно, со вистински градски урбанистички план, кој нема да се менува постојано и да следи нечии индивидуални потреби, туку ќе е во функција на граѓаните; град кој ќе си ги знае границите, град не начичкан, не пренатрупан, град не галиматијас на урбанистички и архитектонски решенија, град не пренаселен и без небо над себе… И да, би сакал кога по некое отсуство ќе се вратам во него и кога, како и Гилгамеш ќе ги проверам неговите градски темели, да видам дека си стојат на своето место, цврсти и стамени, непроменливи – оние на кои се крепи градот.
Милан Банов
– цитат од колумната „Ахил би папсал кога би трчал околу Скопје“, објавена на ЦИВИЛ МЕДИА, 26 август 2019 година.
убриката ЦИТАТИ е простор каде што издвојуваме цитати од текстови, претежно објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ. Редакцијата е отворена кон сугестии од своите читателки и читатели. Содржините објавени во оваа рубрика се слободни за преземање од другите медиуми, под услови пропишани во лиценцата Creative Commons 4.0.