• Latest

Грчкиот суд го прекина судскиот процес против 24 хуманитарни работници обвинети за шпионажа, во тек е друга постапка

January 13, 2023

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Грчкиот суд го прекина судскиот процес против 24 хуманитарни работници обвинети за шпионажа, во тек е друга постапка

January 13, 2023 19:34
in ВЕСТИ, РЕГИОН, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Судот на грчкиот остров Лезбос денеска ја прекина постапката против 24 хуманитарни работници на островот, обвинети за шпионажа, со што заврши спорниот судски процес што беше критикуван од ОН и невладините организации кои го осудија обвинувањето волонтери кои им помагаат на имигрантите, пренесува МИА.

 

Судот во Митилини, најголемиот град на островот во Егејското Море, соопшти дека ја донел одлуката поради процедурални пропусти.

Но, во Грција се уште е во тек друга постапка против истите хуманитарни работници поради криумчарење мигранти, перење пари и измама.

– Ова не е правда! Правда ќе беше ако бевме ослободени!, рече Шон Бајндер, еден од главните обвинети.

Волонтерите кои беа обвинети им помагаа на мигрантите на Лезбос, една од главните влезни точки за бегалците во Европа, каде што стотици илјади се собраа од 2015 година, бегајќи особено од конфликтот на Блискиот Исток.

Меѓу обвинетите е и младата Сиријка Сара Мардини, која со нејзината сестра, олимписка пливачка Јусра, инспирирала филм на Нетфликс за нивното бегство во Европа. Како бегалец во Берлин, по одисеја од Дамаск во Германија во 2015 година со нејзината сестра, таа се вратила во Грција како волонтер на невладината организација ERCI.

Уапсена во 2018 година, таа помина три месеци во затвор пред да биде ослободена со кауција. Таа денеска не беше во судница, а не можеше ниту да присуствува на почетокот на судењето во ноември 2021 година поради забраната за влез во Грција.

Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации претходно побара од грчкото правосудство да ги отфрли сите обвиненија против хуманитарците, Европскиот парламент го претстави судењето како „најголем случај на криминализација на солидарноста во Европа“, а Амнести интернешнал го нарече „фарса“.

Невладината организација „Хјуман рајтс воч“ го критикуваше кривичното гонење, бидејќи е покренато врз основа на полициски извештаи кои содржат фактички грешки.

Во Стразбур, Советот на Европа ја критикуваше „непријателската средина“ во Грција кон бранителите на човековите права. – Ги повикувам грчките власти да се погрижат бранителите на човекови права да работат во целосна безбедност и слобода, рече комесарот за човекови права на организацијата, Дуња Мијатовиќ.

Кривичните постапки против хуманитарците, започнати во 2018 година, доведоа до тоа повеќето невладини организации за спасување мигранти да ги прекинат своите активности на море во Грција.

 

Tags: Грцијамигрантисудски процесхуманитарни работници
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ