Седам, гледам, читам…, не можам да се изначудам, какво е ова наше општество каде најголемите криминалци добиваат условни казни, се зезаат на телевизија и сè уште се на слобода.
Кога положив за кола, направив сообраќајка, не бев виновен, но така се чувствував, бидејќи немав возачка. Му кажав на татко ми дека можам да возам со листот од АМСМ кој потврдува дека сум положил (апсолутно не смеев да возам со тој документ, го излажав).
Дојде полицијата, утврди вина на еден од трите автомобили, кој не бев јас, ми напишаа казна, татко ми отиде да се побуни и кога се сврте накај мене тој поглед на разочараност, еве 8 години подоцна сè уште ме гони, особено навечер кога мислам на своите грешки, оваа сè уште ме боли.
Верувам дека 99 проценти во државата се чесни и добри луѓе, меѓутоа не можам да сватам како и зошто им дозволуваме да ја водат државата тие еден процент нечесни луѓе?