• Latest

Груевски, биди маж и поднеси оставка!

October 30, 2017

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Груевски, биди маж и поднеси оставка!

October 30, 2017 15:00
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција побараа од лидерот Никола Груевски веднаш да поднесе оставка и го повикаа да не продолжува со нови поделби во партијата и етикетирање на членството.  Реформистите своите барања ги изложија во пет точки и меѓу кои и формирање Управувачки комитет кој ќе организира обеденувачки конгрес на партијата.

Реформаторите своите барања ги изложија во пет точки.

„Жалиме за огромниот пад во поддршката кај ВМРО-ДПМНЕ кај граѓаните како резултат на лошото работење на раководството. Никако не прифаќаме одговорност на месните комитети туку таа е исклучиво на Никола Груевски. Господине Груевски бидете маж и преземете ја одговорноста, бараме веднаш да поднесете оставка од претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Иднината на ВМРО-ДМНЕ е организирање демократски и обединувачки конгрес , бараме конгресот да организира управувачки комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Повикуваме на итна средба со Груевски и со Извршниот Комитет со цел да го утврдиме составот, начинот и рокот на управување на управувачкиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Ги повикуваме сите членови на ВМРО-ДПМНЕ да изберат помеѓу патот кон ЕУ или патот на минатото и пропаста. Повикуваме на смиреност, разум и помирување. Бараме веднаш да се отворат општинските и месните комитети за средби и дебата на концептот за демократизација на ВМРО-ДПМНЕ.

Господине Груевски интересот на ВМРО-ДПМНЕ е во обединување на ВМРО во Македонија, а вашиот интерес е во пресметки и поделби. Во таа насока ве повикуваме веднаш да престанат сите закани за исклучување на било кој член кој поинаку размислува, зашто за последиците кои ќе настанат само вие ќе ја носите одговорноста. Имаме разбирање за вашата состојба но нема да ве оставиме да го докрајчите ВМРО-ДПМНЕ поради тоа. Само нова енергија може да донесе победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Ги повикуваме сите политички субјекти да поддржат ново законско решение за дејствување на политичките субјекти за сите да и овозможиме шанса за стабилен систем на Република Македонија“, рече Петар Богојески.

Според Богојески, реформаторите нема да се откажат од борбата, туку напротив ќе влезат со многу пожестоко темпо се додека партијата не се демократизира и модернизира.

„Ние очекуваме да го формираме управувачкиот комитет и по еден транзициски период од неколку месеци да го организираме новиот и обединувачки конгрес во Македонија. Доколку Груевски инсистира на поделби тој може слободно со неколкуте поддржувачи да си формира нова партија со екстремна опција. Ние продолжуваме со вистинското ВМРО-ДПМНЕ, онакво какво што ни го ставија во 1990 година.

ВМРО е гордост и му доликува достоинство. Ние мора да ја прифатиме реалноста, не можеме да плачеме, ние мора да ја вратиме силата на ВМРО-ДПМНЕ. За нас изборите се светост и освен слободни и демократски избори се друго е неприфатливо. Машки е да се соочиме со реалноста“, истакна Богојески.

Тој исто така додаде дека останува нејасно зошто ВМРО-ДПМНЕ би одело на парламентарни избори како што бара Никола Груевски кога со тоа би изгубило огромен број пратеници во парламентот?

Tags: ВМРО-ДПМНЕизбориНикола Груевскиоставкареформатори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ