• Latest

Груевски и Ахмети под истрага на СЈО

March 22, 2018

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026

Избори од речиси 12 милијарди долари: Маск вложи 474 милиони, Трамп во судска битка поради обвинувања за изборни измами

November 3, 2026

Аферата Алта банка се продлабочува: Стечај во Белград, 380 милиони евра под истрага и непријатни прашања за политичките актери

November 3, 2026

СДСМ поднесе интерпелација за Иван Стоилковиќ: Спорни политички настапи и однесување во Собранието

November 3, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

[РЕПРИНТ] Нема бесплатен ручек, сѐ има да се плати!

November 3, 2026
Протести во Тирана, 3 ноември 2026

Протестите во Албанија не стивнуваат: Студентите не отстапуваат од барањето за оставка на Рама

November 3, 2026
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ | Днипро, 3 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Груевски и Ахмети под истрага на СЈО

March 22, 2018 09:19
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на ДУИ Али Ахмети во октомври 2011. искористувајќи ги своите овластувања како претседатели на политички партии се договориле да го стопираат пописот на населението и да ги сокријат неповолните факти за демографската структура на населението.

Ова се наведува во истрагата, која вчера ја објави Специјалното јавно обвинителство, а која се води под името „Попис“.

Со тоа Ахмети и Груевски нанеле штета на Буџетот во износ од 175.123.909 денари.

– Постои основано сомнение дека со цел како владејачка коалиција да го сокријат фактот дека немаат политички капацитет за да организираат реален попис на населението, домаќинствата и становите во РМ, како и да ги сокријат неповолните факти за демографската и економска состојба на населението во државата, што резултирало со огромно иселување на работоспособното население во Република Македонија, го стопирале пописот, изјави обвинителката Фатиме Фетаи.

Со цел да ја избегнат одговорноста, за која како што посочи Фетаи од разговорите се покажува дека биле свесни, се договориле причините за стопирање на пописот во јавноста да ги презентираат како проблеми од технички карактер и некадарност на Државната пописна комисија.

Специјалното јавно обвинителство вчера објави три нови истраги против 25 физички и четири правни лица за кривични дела злоуптореба на службена должност, измама и перење пари.

Вториот случај за кој СЈО покрена истражна постапка е насловен „Моќник“ и се однесува за пратеник кој бил многу влијателен во времето кога се случил настанот, неговиот татко и тогашниот градоначалник на општина Македонски Брод.

Како што истакна обвинителката Фатиме Фетаи, пратеникот го навел градоначалникот да го изманипулира Советот на општина Македонски Брод и на неговиот татко да му го продаде објекот во село Ижиште во кое била сместена општина Пласница. Тој ги изманипулирал советниците и им рекол дека му е даден на 30-годишна концесија на таткото на пратеникот и дека сака да отвори таму приватен бизнис. Се стекнал со противправна имотна вредност од милион 795.800 денари,

Третиот случај е наречен „Актор“ и се однесува за фаворирање на грчката компанија „Актор“ за изградба на автопат Демир Капија – Смоквица иако, како што кажа Фетаи, подобра понуда имала италијанската компанија „Тото“.

Тогашниот премиер му наложил на тогашниот министер за транспорт и врски да ја елиминира италијанската компанија бидејќи, како што рекол, неа во Македонија ја застапуваат  комуњари и да ја даде изведбата на автопатот на грчки „Актор“. На овој начин се испрани 31 милион 856.811 евра во период од 2012 до 2016 година.


извор: МИА

Tags: АхметиГруевскиистрагапописСЈО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ