„ВМРО-ДПМНЕ е нападната! Како никогаш досега, во историјата на Република Македонија и Европа не се случило вакво политичко гонење, со цел да се уништи и замолкне една политичка партија!“, прочита Никола Груевки на попладневната прес-конференција, по повод 17-те нови обвиненија на Специјалното јавно обвинителство.
Груевски истакна дека се работи за политички, а не за правен процес, како и дека СЈО одамна ја загубило непристрасноста и кредибилитетот. Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на бедемот на државата.
„Сакам да објавам дека нашата конструктивност завршува денес. Сега е време историјата да оценува и да суди. Ние се плашиме само од историјата“, рече Груевски.
„Ова е класична политичка и антимакедонска конструкција. Но, да не заборавиме дека кругот се врти и дека оние кои се горе, може многу лесно да се најдат во долниот дел на кругот“, рече Груевски.
Тој го обвини раководството на СДСМ дека е во постојана комуникација со Специјалното јавно обвинителство, и дека токму СДСМ стои зад сите, според него, монтирани случаи.
„Значи, Заев не е криминалец и ни уличарите на СДСМ не се криминалци, и тие на најгруб можен начин се обидуваат да наместат околу стотина лица од нашата партија!“, рече Груевски.