• Latest

СЈО бара притвор за Груевски, Мијалков, Протоѓер, Јанакиески, Јанкуловска…

June 29, 2017

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СЈО бара притвор за Груевски, Мијалков, Протоѓер, Јанакиески, Јанкуловска…

June 29, 2017 12:56
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалното јавно обвинителство на денешната прес-конференција, ден пред истекувањето на рокот за поднесување обвиненија, информираше дека во изминатиот период се обвинети 94 физички и 7 правни лица во вкупно 20 истраги, од кои две, „Тврдина“ и „Таргет“ се споени во еден предмет, додека за „Табла“ и „Талир“ сè уште трае истрагата. Случаите „Тврдина 2“, „Транспортер“ и „Насилство во Општина Центар“ веќе се во судска постапка.

https://www.facebook.com/civil.mk/videos/1343557112429421/

Како што истакна Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, СЈО очекува сите предмети да бидат преземени од судовите во итна постапка и да почнат да одлучуваат во рок од 24 часа. Во поголемиот дел од предметите, СЈО бара мерка притвор за дел од обвинетите.

За случајот „Титаник“, СЈО поднесе барање за притвор на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски, за неговиот шеф на кабинет Мартин Протоѓер и генералниот секретар Кирил Божиновски, за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

За случајот „Тендери“, побаран е притвор за поранешната министерска за култура Елизабета Канческа Милевска, а за случајот „Тотал“, побаран е притвор за новинарот Драган Павловиќ Латас.

Притвор за  поранешниот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски, е побаран во случајот „Траекторија“, а за случаите „Тврдина“ и „Таргет“, побаран е притвор за пет лица, меѓу кои и поранешниот директор на ДБК Сашо Мијалков.

Одговарајќи на новинарски прашања во врска со последниот случај „Талир“, Јанева појасни дека нема процедурални пречки за овој предмет, односно, немало доволно време да се заврши истрагата. „Некој водел незаконска кампања 8 години и не може за еден месец да се истражат сите сомнежи“, рече Јанева.

Доказните материјали со кои располага СЈО, денеска и утре ќе бидат доставени до Кривичниот суд.

На денешната прес-конференција присуствуваа сите обвинители од тимот на Јанева.

 

Текст и фото: Марија Теговска

 

Tags: Гордана ЈанкуловскаДраган Павловиќ - ЛатасистрагаКатица ЈаневаНикола ГруевскиобвиненијапритворСашо МијалковСЈО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ