„Да, во целост стојам зад одлуките што ги донесовме како Генералштаб, предложено на Министерството и донесени од Владата. Апсолутно со ништо, никогаш не е нарушена борбената готовност на нашата Армија. Впрочем се ослободивме од источно вооружување и опрема кое е старо, неперспективно и нефункционално. Од друга страна, ја модернизираме Армијата, значително ја подобруваме борбената готовност и оператибилноста со нашите сојузници во НАТО, каде сме рамноправни членки на Алијансата“, изјави Генерал Васко Ѓурчиновски на прес-конференција по завршување на брифингот со медиуми за за процесот на модернизација и опремување на Армијата.
„Во однос на содржината, структурата, динамиката, проценките ги прави Генералштабот. Како што истакнав на почетокот апсолутно со ништо никогаш не ја нарушуваме борбената готовност и така ќе продолжиме и во иднина“, додаде Ѓурчиновски.
Б. Ј.
камера: Александар Ризински
монтажа: Арина Мехмети