• Latest
Фото: Твитер

Хаос во Париз, полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои палат и кршат низ градот

March 28, 2023
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Хаос во Париз, полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои палат и кршат низ градот

March 28, 2023 19:19
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Твитер

Фото: Твитер

Share on FacebookShare on Twitter

Демонстрантите ширум Франција денеска ги блокираа железничките пруги и автопатиштата и се судрија со полицијата во неколку градови во знак на протест против претседателот Емануел Макрон и неговите длабоко непопуларни пензиски реформи.

Околу 13.000 полицајци се распоредени на улиците низ Франција на десеттиот ден од протестите поради пензиската реформа на Макрон. Париската полиција соопшти дека досега во главниот град на Франција се уапсени 22 лица. Синдикатите го повикуваат Макрон и бараат од него да се откаже од зголемувањето на законската старосна граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Речиси 93.000 луѓе учествуваа на денешните протести во Париз, соопшти париската полиција. Оттаму додаваат дека до 18 часот биле уапсени 23 лица.

Претходно, еден од главните синдикати во земјата објави дека речиси половина милион луѓе присуствувале на протестите. Бројките од полицијата и синдикатите често се спротивставени кога станува збор за протести.

Сообраќајот во градот Рен бил запрен. На снимките од социјалните мрежи се гледа густ, црн чад кој се извива над обиколницата, а ѓубрето кое гореше предизвика голем сообраќаен метеж.

Des feux ont été allumés sur la rocade ouest de #Rennes#greve28mars#ReformeDesRetraites pic.twitter.com/iCB1hX53gF

— Ewen Bazin (@EwenBazin) March 28, 2023

Штрајкот на синдикатите кои се против владините пензиски реформи во нафтените рафинерии во Франција трае веќе трета недела, а магацините за гориво исто така се блокирани.

Производството прекина во две најголеми француски рафинерии и ги принуди други три да работат со намален капацитет. Останатите две во моментов се затворени поради поправки.

Ова значи дека околу 17% од сите бензински пумпи низ целата земја сега се без барем еден производ, соопшти Француската нафтена асоцијација (UFIP).

Бретања и Нормандија на север и голем дел од областа околу брегот на Средоземното Море се особено тешко погодени од недостигот.

Штрајковите во транспортниот, авиопревозот и енергетскиот сектор продолжуваат да го отежнуваат патувањето. Студентскиот синдикат УНЕФ соопшти дека влезовите на 20 универзитети, вклучувајќи го Сајенс По (Sciences Po) и делови од Сорбона во Париз, се блокирани.

На протестите во Марсеј и во другите градови имаше уште помалку демонстранти од претходно. Шарл де Курсон, од опозициската партија Лиот, изјави дека француските власти треба да извлечат поука од ситуацијата во Израел, каде владата под притисок на јавноста ја стопира контроверзната судска реформа.

Утрово протестите почнаа мирно во повеќе градови, но подоцна дојде до судири.

Во западниот град Нант, опожарен е влезот на филијалата на банката БНП Парнибас. Запален е и еден автомобил, а некои луѓе фрлале пиротехнички средства кон полицајците.

Même que ça crame à Commerce #Nantes #greve28mars #ReformeDesRetaites pic.twitter.com/YPTuMPeT1L

— ⚔️ (@MarionLpz) March 28, 2023

Ние предложивме решение… и не може да се толерира повторно да бидеме одбиени, изјави пред новинарите лидерот на синдикатот CFDT Лоран Бергер на почетокот на протестот во Париз.

Претседателот Макрон тврди дека се потребни реформи за да се балансираат државните финансии. Синдикатите и опозицијата сметаат дека постојат и други решенија.

Милиони луѓе протестираат и штрајкуваат од средината на јануари против оваа реформа. Но, фрустрацијата на јавноста се претвори во поширок протест против Макрон.

Протестите се интензивираа откако владата со декрет ја наметна пензиската реформа, заобиколувајќи го Парламентот. Во четвртокот, последниот ден од големите протести, анархистите од групата Црн блок искршија излози на продавници, автобуски постојки и уништија ресторан на Мекдоналдс во Париз, а слично насилство имало и во другите градови.

Станува збор за едно од најлошите улични насилство во земјата во изминатите години, што потсетува на протестите на Жолтите елеци за време на првиот мандат на Макрон.

Г. Т.

Tags: демонстрантинасилствопензиски реформиполицијаПротестисудириФранција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ