„За одржување на развојот на државата и општеството се важни тие односи меѓу граѓаните и меѓу заедниците, но е важен и политичкиот систем и довербата во институциите. Наша обврска е да градиме институции во кои има доверба, а иституциите да се грижат за граѓаните, осообено за оние кои се најмаргинализирани“ изјави Џелал Хоџиќ, заменик директорот на АОПЗ на конференцијата на ЦИВИЛ „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“.
Хоџиќ истакна дека надежите се да имаме држава која е функционална демократија со функционални институции, како и вклучени заедници во носењето на одлуки.
„Една од препораките на ЕУ што се провлекува низ годините е дека помалкубројните заедници не се доволно вклучени во носењето на одлуките. Сите наши различности да ги искористиме и да ги вклучиме во нашето општество“, вели Хоџиќ.
Хоџиќ истакна дека решенијата ги гледа во почитување на духот на Рамковниот договор, кој прионесе да се воспостави мир во нашето општество.
„Заеднички напор во остварувањето на она што се нарекува стратешка цел на нашата држава да го убрзаме патот кон ЕУ. Правата не се дадени еднаш засекогаш, туку се унапредуваат со контекстот и посебно со времето во кое живееме“, изјави Хоџиќ.
Б. Ј.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети