• Latest
Креирано со помош на ВИ

И по 4 години од почетокот на руската агресија врз Украина, дел од македонските медиуми не престануваат да шират руска пропаганда

February 27, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

И по 4 години од почетокот на руската агресија врз Украина, дел од македонските медиуми не престануваат да шират руска пропаганда

February 27, 2026 08:40
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Креирано со помош на ВИ

Креирано со помош на ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

За жал, и по 4 години од почетокот на руската агресија, со некритичкото пренесување на изјавите на Путин и други високи руски функционери, во дел од македонските медиуми не престануваат да се шират руските пропагандни наративи.

Непосредно пред 24 февруари, денот кога се одбележуваат 4 години од неиспровоцираната руска агресија врз Украина, дел од македонските медиуми решија дека е побитно да се одбележи 23 февруари, рускиот Ден на „бранителите на татковината“, споделувајќи ја честитката на претседателот на државата агресор, рускиот диктатор Владимир Путин, кој во видео обраќање им го честиташе „големиот ден“ на припадниците на окупаторската армија. Армија на убијци, ограбувачи, силувачи, киднапери и воени злосторници.

Се чини дека некои од нив како да не можат да прифатат дека 4 години Украинците успешно се борат со руските агресори, и, како да живеат во некоја паралелна реалност, се уште веруваат во изјавите на Путин дека краткотрајната воена интервенција траела 3 дена, и дека „втората армија на светот“ го заземала Кијив за 48 до 72 часа.

Истовремено, неколку македонски медиуми, меѓу кои и телевизии со национална фреквенција ја пласираат честитката на Путин, со наслово како: Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на вооружените сили, или слични наслови – Путин: Развојот на нуклеарните сили сега е наш апсолутен приоритет, додека некои, сакајќи да се истакнат, отидоа и малку подалеку со  наслови полни со восхит,како: МОЌНА ПОРАКА ОД КРЕМЉ: „ЌЕ ДЕЈСТВУВАМЕ И ВО НАЈТЕШКИ УСЛОВИ“ – ШТО СЕ ПОДГОТВУВА? и  НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЈЕ, „АПСОЛУТЕН ПРИОРИТЕТ“ ЗА ПУТИН Најави зголемување на борбениот потенцијал на Русија, со цел дополнително да и дадат на тежина на изјавата рускиот диктатор.

Предводник на ваквото некритичко пренесување на путиновата изјава како дел од руските пропагандни наративи, овој пат не е никој друг, туку токму државната информативна агенција МИА, која со наслов – Путин: Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на вооружените сили и поднаслов – Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на сите родови и служби на своите вооружени сили, изјави рускиот претседател Владимир Путин, го трасира патот на уште еден пробив на руслата пропаганда во македонскиот медиумски простор.

Очигледно, за дел од македонските медиуми, изјавите на Путин се како божја заповед, и истите некритички се пренесувани на страните на овие медиуми, занемарувајќи го фактот што сите досегашни изјави на Путин на крајот излезува дека се невистинити, и само пуста желба на рускиот претседател и за ограничена локална употреба, како што беше таа дека Кијив ќе биде освоен за 3 дена, додека војната е во својата 4 година, и не само што не е освоен главниот град на Украина, туку и помногубројната руска  армија не може да оствари позначителни успеси ниту на другите линии на фронтот, истовремено соочувајќи се со енормни загуби во луѓе и техника. Или кога Путин тврдеше дека украинските сили се „опкружени“ во Купјанск и покани новинари да го видат тоа – но таму се појави токму украинскиот претседател Володимир Зеленски, објавувајќи видео од неговото присуство таму со кое го демнтираше Путин, додека украинските сили спроведуваа успешна контраофанзива во градот.

Во исто време, овие медиуми некритички ја пренесува тирадата на Путин дека „Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на сите родови и служби на своите вооружени сили„ – иако на терен се соочува со огромни загуби кои се чини дека не може да ги пополни од домашни извори, па „увезува“ севернокорејски и војници од Африка, додека истовремено, вршејќи ракетен терор врз мирните украински градови и критичната цивилна инфраструктура, оставајќи го цивилното население без греење, струја, вода на минусни температури. користи муниција и дронови од Северна Кореја и Иран,

Понатаму, се нагласува и делот од изјавата на Путин дека Русија ќе продолжи да ја зајакнува својата војска и морнарица, истата онаа морнарица која загуби значаен дел од своите поморски сили, меѓу кои и , и беше приморана да ја повлече својата флота на сигурна далечина, стравувајќи од нападите на земјата која всушност и нема морнарица, и секако, не ги заборавија и омилените закани со нуклеарно оружје.

По повод четвртата годишнина од целосната воена инвазија на Русија врз Украина, но и како дел од тековните напори за борба против руските дезинформации, манипулации и малигна пропаганда, ЦИВИЛ – Центар за слобода свика меѓународна онлајн конференција насловена како „Четири години агресија: Отпорот на Украина и одговорноста на светот“.

Собирајќи ги креаторите на политики, дипломатите, новинарите, аналитичари и лидерите на граѓанското општество од цела Европа и пошироко, конференцијата испрати јасна и итна порака: ова не е момент за комеморација, туку за одговорност.


Оваа анализа ја подготви Драган Мишев, во соработка со Тимот за следење на хибридни закани на ЦИВИЛ (ЦХТМ), потпирајќи се на континуираното следење на дезинформациите, пропагандата и хибридните закани од страна на ЦИВИЛ. Текстот е развиен со истражувачка, аналитичка и уредничка поддршка од алатки за вештачка интелигенција (OpenAI / ChatGPT). Придружната илустрација е генерирана со користење на алатки за вештачка интелигенција врз основа на уредничките насоки дадени од авторите. Одговорноста за целата содржина, толкувања и заклучоци е исклучиво на авторите.

© ЦИВИЛ – Центар за слобода, 2026.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ