• Latest

И работниците од ЕМО бараат помош од државата!

August 5, 2017
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

И работниците од ЕМО бараат помош од државата!

August 5, 2017 12:28
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Стечајните работници од АД ЕМО од Охрид бараат да бидат опфатени со новиот закон за обештетување на стечајците. 

Во април 2017 е отворена постапка за над 50 стечајци со поднесени побарувања за неисплатени плати и придонеси. ЕМО замина во стечај на 31 декември 2016 година, а работниците, преку Центарот за вработување, добиваат надоместок во зависност од основите за пензионирање.

Стечајците од ЕМО бараат Владата да изврши надополнување на Предлог – законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата, со поместување на датумот – до мај 2017.

Во 2015 година, како дел од иницијативата „Социјална правда, сега“, ЦИВИЛ Центар за слобода разговараше со синдикалец од АД ЕМО што сакаше да остане анонимен, за условите за живот и за работничките права. Соговорникот, огорчен од условите за работа, изјави дека работниците се „робови на 21 век“ без никакви права.

Во истиот период, како дел од иницијативата, Иван Николовски, претседател на Здружението на стечајни работници од Охрид, Струга и Ресен, изјави за ЦИВИЛ Медиа, дека по затворањето на фабриките како „Езерка“, „Застава“, „Отекс“, „Братство“ и многу други во овој регион, стечајците со 25 години стаж и нерегулиран статус, самите мора да се снаоѓаат.

Со законот за стечајци се опфатени 3.000 граѓанки и граѓани, а претседателката на Здружението УНИТ, Лилјана Георгиева, за ЦИВИЛ Медиа, изјави дека никој не е заборавен и дека борбата за стечајните работници продолжува, сè додека сите не бидат опфатени со овој закон.

Биљана Јордановска

 

 

 

Tags: „Унит“Емозакон за стечајциизмениКумановоОхридсоцијална правдастечајциЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ