Потпретседателот на руската државна банка „Газпромбанк“, Игор Волобујев пребегал од Русија за да им се придружи на украинските сили кои се борат против руската инвазија.
Волобујев во интервју за украинскиот портал „лига.нет“ изјави дека на 2 март ја напуштил Русија и се приклучил на украинските сили за територијална одбрана.
Буквално за неколку дена решив дека повеќе не можам да живеам во Русија. Затоа што Русите го убија татко ми, убиваа мои познаници, блиски пријатели. Татко ми живееше во ладен подрум еден месец. Луѓето кои ги познавам од детството ми кажаа дека се срамат од мене. Знаеш ли што ми кажаа? „За никогаш повеќе да не слушнеме дека сте од Ахтир, дека сте Украинец. Ги спакував работите и излетав од Русија на 2 март, изјави Волобујев. Дојдов во Украина да ја бранам мојата Ахтирка со оружје во раце. Уште во 2014 година, кога Крим беше окупиран, си ветив дека ако руските тенкови дојдат во мојата Ахтирка, ќе војувам со нив.
До март 2022 година, Игор Волобуев, роден во Ахтирка, беше потпретседател на Гаспромбанк, а пред тоа долги години ја водеше прес-службата на Газпром. Токму преку него Европа го плаќа рускиот гас, што, меѓу другото, ја спасува од сериозни санкции. И со помош на оваа банка, Путин сега сака да ги принуди европските земји да плаќаат гас во рубли.
– Не можев од страна да гледам што и прави Русија на мојата татковина. Русите го убија татко ми, моите познаници и блиски пријатели. Татко ми живееше во ладен подрум еден месец. Луѓето што ги познавам од детството ми кажаа дека се срамат од мене, изјави Волобујев, кој е роден во североисточниот украински град Охтирка, вели Волобујев.
Тој додаде дека никој во Русија не знаел за неговото заминување.
Пред неколку дена, друг потпретседател на Газпромбанк, Владислав Аваев, според руските безбедносни службеници, ги убил сопругата и ќерката и се застрелал. Волобуев не верува во самоубиство – во Русија се случија премногу смртни случаи на врвни менаџери за гас. Но, тврди тој, не си заминал поради закани: „Не можев повеќе да бидам меѓу овие луѓе“.
Претходно од Русија заминаа првиот заменик-претседател на „Сбербанк“, Лев Касис, претседателскиот пратеник Анатолиј Чубаис и заменик-претседателот на „Аерофлот“, Андреј Панов
Подготви: Д.Мишев