• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Има ли пилот во бродот на Владата, каде плови авионот на Мицкоски?

April 6, 2025
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ АКЦЕНТ

Има ли пилот во бродот на Владата, каде плови авионот на Мицкоски?

Измешаниот редослед на зборовите во насловот не е резултат на дислексија, само ја доловува какафонијата и дезориентираноста што владее во државниот врв.

April 6, 2025 20:34
in АКЦЕНТ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Во својот последен потег, Доналд Трамп воведе нови царини за многу земји, меѓу кои и за долгогодишните партнери и сојузници,вклучително и Украина – но не и Русија и Белорусија, , пишува Драган Мишев во  колумната „Тарифите на Трамп: Реакции, неизвесност и скриената агенда“.

Трамп воведе царини од 33 отсто за производи од Македонија. Аналитичарите предупредуваат – малите економии како македонската се најранливи кога трговските војни стануваат глобални.

Од  Владата излегоа со соопштение дистрибуирано попладне, некаде по 14 часот, што го довeдува во прашање  тврдењето дека владините тимови веќе некое време ги анализирале можните последици и имале подготвен план за надминување на ситуацијата. Оваа одлука нема да има голем импакт врз нашата економија, но ние имаме јасен план како понатаму.

Од Илинденска велат дека контактите со американската администрација се веќе воспоставени и ќе продолжат на високо ниво, а Владата ќе работи на изнаоѓање решение и на спроведување на планот. И со ова секако се побиваат претходните тврдења дека контакти на (нај)високо ниво беа воспоставени за време на неколкутe посети на Мицкоски и владината тајфа на Вашингтон, со кои Северна Македонија застанала „во првите редови“ пред новата администрација на Трамп.

Во реакцијата на премиерот Христијан Мицкоски, која пристигна доцна вечерта, тој се обиде да го дезавуира прашањето на царините изјавувајќи дека ниту една земја во Европа не била подготвена за тоа и никој не се подготвувал претходно, што е дијаметрално спротивно на соопштението од Владата, чиј премиер е самиот Мицкоски, дека владините тимови веќе некое време ги анализирале можните последици и имале подготвен план за надминување на ситуацијата.

Дополнително, во обид да го оправда Трамп, Мицкоски изјави дека и во нашиот царински тарифник за некои групи на производи имаме царини повисоки од 60 проценти и притоа изрази надеж дека, според негов предлог, ќе успее да потпише договор за слободна трговија со САД, отвaрајќи си простор за ново, ако судиме според досегашните, непродуктивно патување во Вашингтон.

П. С. Измешаниот редослед на зборовите во насловот не е резултат на дислексија, само ја доловува какафонијата и дезориентираноста што владее во државниот врв.


Текстот е личен став на авторот

ПРОЧИТАЈТЕ И:

Ин а УГУРАција: Од каде и во какво друштво Мицкоски ја следеше инаугурацијата на Трамп

Tags: Доналд Трамптарифи за МакедонијаХристијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ