• Latest

Ќе има ли притвор за изборните измами од „Титаник“?

July 3, 2017

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ќе има ли притвор за изборните измами од „Титаник“?

July 3, 2017 15:07
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Откако Кривичниот суд не ги прифати барањата на Специјалното јавно обвинителство за притвор на петте обвинети лица опфатени со предметите „Тврдина“ и „Таргет“, денеска се очекува да одлучи и за побараните мерки притвор во првиот предмет на СЈО,  „Титаник“.

Во февруари минатата година, кога СЈО го покрена случајот „Титаник“ што се однесува на изборна измама направена од високи функционери од претходната власт, Обвинителството поднесе барање за мерка притвор за осум лица кои се осомничени за криминализација на изборниот процес за опстојување на власт, а истрагата е отворена за злосторничко здружување, повреда на избирачко право и на слобода на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување на избирачки материјали и злоупотреба на средства од изборна кампања.

Обвинителката Фатиме Фетаи соопшти дека осомничените во 2012 година, „во својство на министер за внатрешни работи, министер за транспорт и врски, секретар на Влада, и со помош на засега непознати лица, за натамошно останување на власт на партијата на локално и државно ниво, направиле кривични дела за кои казните се три години затвор и повеќе“.

Според обвинителката Фетаи, МВР направило упад во Избирачкиот список, а дел од изборните кражби, биле и операции на МВР, кое издало 15.000 нови матични броеви, 35.000 нови лични карти и 60.000 нови македонски државјанства!

На изборите во 2013 година гласале лица и со возачки дозволи, дијаспората била злоупотребувана, а нотари подготвувале нелегални договори за живеалишта врз чија основа се набавувале лажни лични документи.

Како осомничени во операцијата „Титаник“, истиот месец на распит во Кривичниот суд беа повикани поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, екс-секретарот на владата Кирил Божиновски и градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко.

ТВ Алсат ја пренесе изјавата од Брисел дека Европската комисија не сака да коментира судски процеси кои се во тек, но дека силно ја поддржува работата на Специјалното обвинителство.

СЈО доби силна поддршка од граѓанките и граѓаните, од низа организации на граѓанското општество, како и од меѓународната заедница. На Фејсбук се појави и фан-страница на обвинителката Фатиме Фетаи која за кратко време собра околу 3.000 лајкови.

Веднаш по прес конференцијата на СЈО, ЦИВИЛ – Центар за слобода излезе со соопштение за поддршка на професионалноста и храброста на тимот на Катица Јанева.

Една година подоцна, Јанкулоска, беше повикана во СЈО да даде исказ, во својство на осомничено лице за случајот „Титаник“. Нејзините правни застапници побараа увид во доказите за истрагата.

Досега Кривичниот суд ги одби сите барања за притвор на СЈО, но одлучи да им се одземат пасошите на 29 обвинети, а против вкупно 35 лица се определени мерки за претпазливост.

Tags: МВРмерка претпазливостпасошпритворСЈОТаргетТврдинаТитаникЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ