• Latest

Индијанци, каубојци, калкуланти, прекупци и профитери…

December 27, 2016

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Индијанци, каубојци, калкуланти, прекупци и профитери…

December 27, 2016 23:06
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Вообичаено самодоволен и надмоќен, а сега, со преполовен изборен резултат и уништен углед, Али Ахмети деновиве е во потрага по партнери меѓу лидерите на албанските партии. Што бара Ахмети?

Пишува: Џабир Дерала
Пишува: Џабир Дерала

Пред сѐ, тој се обидува да врати барем дел од влијанието кое го има неговата партија, користејќи излитени националистички флоскули и трикови, да профитира од гласовите кои ги добија новите играчи на политичкиот терен на Албанците во Македонија. Се обидува да ја замагли реалноста и фактот дека неговиот изборен резултат е последица на неговото долгогодишно слугување во криминалниот систем на Никола Груевски.

Дури и ваквиот изборен резултат на Ахмети е дел од контролата и притисокот во стилот на ВМРО-ДПМНЕ, а не на вистинска определба на повеќето од нивните гласачи. Тие се плашат од Ахмети, или се поткупени. Почнувајќи од неговите довчерашни колешки и колеги во највисокото партиско раководство, завршувајќи со гласачите кои се сиромашни и запоставени, повеќе од кога и да е. Тој не им нуди заштита на човековите права, социјална правда и достоинствен живот на своите гласачи. Самонаречениот борец за човековите права на Албанците, само ги затвори во сиромашно гето и царува во универзум одвоен од реалноста! Единствено што нуди тој на своето мени кога ќе се спушти од облаците од пари и моќ е албанското знаме и двојазичноста. Така е откако седна на престолот на моќта, заедно со Груевски.

Да, Груевски, кој е на чело на клика која понижува, влече за врат и уши, затвора и убива невини луѓе, гази по достоинството на сите, не само на Албанците, кои, пак, ги нарекува „племе“ и „Индијанци“, краде без усул… Ете, со него е Али, послушен како кутре пред него, а дивее меѓу „своите“ Албанци, кои сака да ги претвори во стадо, послушно како што тој му е послушен на Груевски.

Велат, претседателот Иванов е молчалив. А кога сте го слушнале Ахмети да каже нешто суштинско?

И сега, се обидува да се спаси од истрагите за него и за неговиот вистински газда, Груевски, а воедно и да остане на тронот на власта, кој и да ја освои, во овој тежок и деликатен постизборен период. Го наметнува темпото со својата националистичка реторика која не се разликува од онаа на националистот Груевски и компанијата.

Ахмети гледа дека може да успее само како купи-продај шпекулант на зелен пазар. Дел од политичките лидери на останатите партии на Албанците, ја прифатија играта и се обидуваат да ги продадат своите гласачи што поскапо. Намерно или не, тие паѓаат во стапицата на Ахмети – да му се продадат нему што поскапо, а тој да ги препродаде на оној што ќе формира влада.

Зијадин Села, одметник од ДПА на Мендух Тачи кому, меѓу другото, му должи сѐ што има во политиката… Тој се обидува да кокетира со сите, но најмногу со Ахмети, кому се обидува да му се додвори и да го искритикува истовремено, а и да го релативизира владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Во изјавата за ЦИВИЛ Медиа, тој вели дека „и ДУИ и ДПА се одговорни, но виновници за состојбата на Албанците во Македонија се ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ“, со што, всушност, калкулира со сите заедно, но исклучиво во своја полза, во очигледна намера да зграпчи што повеќе власт со своите три пратенички мандати. Во секој случај, Села перфектно се вклопува во препродавачката шема на Ахмети. Со други зборови, лоши се албанските политичари, ама уште полоши се македонските…

За Тачи нема што многу да се коментира. Тој полека исчезнува од политичката сцена, а оставката од лидерската позиција нема да ја намали неговата одговорност за соучесништвото во криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Неговиот обид да ја прикаже својата оставка како морален чин нема да му успее. Тој ќе остане запаметен како политичар кој му е верен на Сашо Мијалков. До смрт, нели?

Во логиката на политичарите – Албанци, СДСМ се директна закана за нив. Албанците за првпат во историјата на Македонија гласаат за политичка програма, а не – за етничка партија. За првпат, на сцената се граѓанки и граѓани кои гледаат во иднината на мултиетничка, мултиконфесионална и мултикултурна Македонија, каде што не се издвоени во гето, туку, се еднакви учесници во државата. Ним знамето и двојазичноста не им значат многу, ако немаат што да стават пред своите деца на трпезата, ако немаат обувки да им стават на нозете за да појдат на училиште, ако во тие училишта предаваат недоучени партиски војници, ако децата им заминуваат во странство, ако им препродаваат салфетки по улиците или ако завршуваат в затвор поради криминал или и сосема невини…

Тоа што најдобро го знаат политичарите – Албанци во овој миг е дека нивната цена е прилично висока, во споредба со тоа што го нуделе досега и со она што го нудат во иднина. Како и да е, мораат да знаат дека граѓанките и граѓаните од албанската етничка заедница, веќе нема да дозволат да ги влечат за уши и за врат и дека нивните гласови ќе ги дадат на онаа политичка опција која ќе им понуди подобар живот, а не понижувања и насилство.

Ако двојазичноста е неприфатлива за Македонците, за тоа не е одговорен само Груевски и неговата еднодецениска фашистоидна пропаганда, туку и Ахмети кој беше директен соучесник во разгорувањето на етничката и верската нетрпеливост во нашата земја. Ако употребата на јазикот и знамето се одамна апсолвирана тема, Груевски и Ахмети се тие што не успеваат да ги убедат Албанците дека јазикот и знамето се мачкаат на леб. Овие теми се регулирани со Охридскиот договор, Уставот и меѓународните стандарди, но токму Груевски и Ахмети, а претходно и Тачи, ги претворија во националистички аргумент, алатка за сеење омраза и за манипулација во изминатите 10 години.

Како играа ДУИ и ДПА се гледаше во начинот на кој учествуваа во Владата со Груевски, на политичката сцена воопшто, а одлична илустрација за сето тоа е и нивното дејствување во работата на Државната изборна комисија. Додека пред ДИК се извикуваа ултранационалистички пароли, а врхушката на ВМРО-ДПМНЕ држеше фашистички говори, повикуваше на крв, ги дискредитираше меѓународните пријатели на Македонија и се закануваше со уништување на граѓанското општество, партиските војничиња на ДУИ и ДПА гласаа како што ќе им каже газдата Груевски.

Позицијата на Ахмети е многу слична на онаа на Амди Бајрам. Разликата е во колоритот и бројките, а со тоа и на сумите. Игра со победникот. Сега, кога победник е тешко да се одреди, а извесно е дека членството и гласачите на партиите на Албанците – нема да се согласат со коалицирање со националистичка партија која ја водат осомничени за криминали, нивната мака е голема. Слатка е власта.

Најудобно му е на Ахмети да си остане во скутот на Груевски, ама така ќе остане сам. Од друга страна, ако коалицира со СДСМ, тој ќе мора да ја игра улогата на Тројански коњ, бидејќи неговата врска со газдата е прилично силна и сочна. Тој ќе продолжи да ги вергла истите услови пред јавноста и ќе говори како Албанците не се задоволни, во обид да ги заостри односите меѓу заедниците, а тоа да го искористи за да се рехабилитира и да се наметне како единствен релевантен претставник на Албанците. Но…

Додека Али Ахмети, но и лидерите на другите албански партии, ги тријат рацете и ги острат канџите во намерата да зграпчат дел од власта и влијанието кај гласачите – Албанки и Албанци, Македонија се менува. Дури и оние што ораат со дрвен плуг во планинските села, конечно сфатија дека моќта на политичарите не е дадена од бога, туку дека таа доаѓа од луѓето, од нивното месо и коски, од нивните животи и животите на нивните деца.


Објавено на Плусинфо и печатеното издание на Слободен печат од 28 декември 2016.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Али АхметиВМРО-ДПМНЕДПАДУИЗијадин СелаизбориИндијанцикаубојциМендух ТачиНикола ГруевскиСашо МијалковСДСМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ