• Latest

Инклузива и ДИК со заеднички придонес за гласачките права на лицата со попреченост

March 13, 2018

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Инклузива и ДИК со заеднички придонес за гласачките права на лицата со попреченост

March 13, 2018 13:14
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Државната изборна комисија, потпишаа Меморандум за соработка.

Меморандумот е изготвен во согласност со европското законодавство, Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост, домашната регулатива и интерните акти.

Претседателката на „Инклузива“, Благица Димитровска, на почетокот на своето обраќање им се заблагодари на медиумите, како главни сојузници во истражувањето и препораките на организацијата за учество на лицата со попреченост во изборниот процес уште во 2016 година.

Димитровска, исто така, го објасни процесот на делување и соработка со Државната изборна комисија што доведува до моментот на официјализирање на соработката меѓу „Инклузива“ и ДИК.

„Во пресрет на локалните избори 2017, повторно направивме мало истражување, во соработка со ЦИВИЛ. Во рамки на нивните набљудувачи имавме свои набљудувачи на терен. Сите забелешки се однесуваа во однос на организирање и спроведување на изборите. Ќе се обидеме за следните избори сите препреки да бидат отстранети“, изјави Димитровска.

 

Таа изрази надеж дека обуките на изборната администрација во ДИК ќе придонесе за подобра комуникација со лицата со попреченост. Како следни чекори во однос на едукацијата се обуките на членовите на Општинските изборни комисии.

„Со денешното потпишување на овој Меморандум за соработка започнува период на плодна соработка помеѓу нашите две организации. Денеска заемно се согласивме координирано да работиме во насока на остварување на конкретни цели, зголемување  на учеството на лицата со попреченост во изборниот процес, преку усогласување на подзаконските акти со одредбите од Конвенцијата на ОН за правото на учество на лицата со попреченост во изборниот процес, подобрување на ефикасноста и ефективноста на процесот на организирање и спроведување на избори и процесот на гласање во однос на лицата со попреченост,  зголемување на свесноста и знаењата за изборниот процес на граѓаните со попреченост, како и подготовка на изборната администрација за поддршка и комуникација со лица со попреченост“, изјави Добре Јанчев, генерален секретар на ДИК.

Одговарајќи на новинарско прашање, Димитровска, ја потенцираше потребата од регистар со број на лица со попреченост. Таа нагласи дека во североисточниот регион на Македонија, има околу 1000 лица со попреченост, со кои здружението е во постојан контакт, но тоа не е реалната бројка, односно потребна е помош од институциите за да се добие јасна слика за колкава е бројката на овие граѓани.

„Дополнително отежнува што, како гласачко тело, лицата со попреченост се наоѓаат во категоријата стари и болни, изнемоштени, лица. Една од препораките на „Инклузива“, е лицата со попреченост да се одвојат како посебна категорија на гласачи“ , изјави Димитровска.

По потпишувањето на Меморандумот, „Инклузива“, продолжи со обука на Стручната служба на ДИК, преку која учесниците ќе се стекнат со вештини за испорачување на обуки за лица со попреченост.

По комплетирањето на оваа активност, ќе следат регионални работилници за претставници од општинските изборни комисии, кои ќе се реализираат во текот на месеците април и мај оваа година.

Со реализацијата на овие активности се очекува ДИК да се стекне со тим на обучувачи со специфични вештини за комуникација и испорачување обуки на лица со попреченост. Овој тим на обучувачи понатаму ќе работи на реализација на целите на Меморандумот за соработка.

Биљана Јордановска

 

Tags: ДИКИнклузивамеморандумсоработка
Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ