• Latest

Интензивирање на економската соработка во фокусот на состанокот во Солун на бизнис делегации од Северна Македонија и Грција

June 13, 2024

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Интензивирање на економската соработка во фокусот на состанокот во Солун на бизнис делегации од Северна Македонија и Грција

June 13, 2024 07:43
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 30 бизниси од Северна Македонија предводени од Стопанската комора и 15-20 бизниси од Грција ќе присуствуваат на денешната средба во Трговско-индустриската комора на Солун (ЕВЕТ), со цел да се разгледаат можностите за проширување, продлабочување и зајакнување на економската соработка меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

Од ЕВЕТ соопштија дека ќе бидат домаќини на бизнис-делегацијата од 30 бизниси, кои ќе одржат приватни средби (B2B) со претставници на грчки бизниси со цел разгледување на можностите за нови соработки.

Компаниите од нашата земја се од различни области во трговскиот, индустрискиот и услужниот сектор, како што се енергетиката, градежништвото и ИТ технологии.

Од грчка страна, според информациите на дописничката на МИА од Атина, се очекува да учествуваат 15-20 бизниси, а станува збор за прв ваков состанок во последните години.

Според Стопанската комора на Северна Македонија, бизнис форумот го организираат двете комори „согласно приоритетите на годишната програма на Асоцијацијата на Балкански комори за продлабочување на регионалната економска соработка“ и во рамки на Проектот: „Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција“, кој се спроведува во партнерство со УСАИД.

-Целта на посетата на македонската бизнис делегација и организирањето на билатералните деловни средби е понатамошно интензивирање на економските релации помеѓу двете земји, како и воспоставување нови, повисоки облици на соработка, осознавање на заедничките деловни интереси, развивање на идни партнерства помеѓу компаниите од повеќе различни сектори согласно пројавениот интерес, соопштија од СКСМ.

Состанокот, согласно официјалната агенда, ќе започне со поздравни обраќања на претседателот на СКСМ Бранко Азески и првиот потпретседател на ЕВЕТ Емануил Влахојанис, по што ќе следи и панел-дискусија на тема „Отворени перспективи и можности за соработка: Начини за унапредување на економската и трговската соработка меѓу Грција и Северна Македонија“ на која ќе говорат директори на солунското пристаниште, како и претставници на царинските управи на двете земји.

Потоа, предвидени се билатерални бизнис средби.

Од Трговско-индустриската комора во Солун, како што објави МИА на крајот на април, упатија повик до грчките бизниси заинтересирани да одржат средба со нивните македонски колеги, а ист повик беше објавен и од Стопанската комора.

Tags: ГрцијаСеверна Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ