ЗОРАН ИВАНОВ
Судијката што преку случајот ИРЛ го осуди новинарството всушност го осуди и судот, а судот ја поништи правдата и тоа е тој затворен македонски транзициски криминоген круг во кој царува моќтта на корупцијата чии зависници се и државата и општеството и која, кажано во оваа една реченица, ги иссели умните, ги запусти сегашноста и иднината и за која лек ниту се наѕира зашто просторот на правдата е окупиран од типки и типови кои, без интеграции, наместо на неправдата и натаму ќе продолжат комотно и без трунка скрупули да и’ судат и да и’ пресудуваат на правдата!!