• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанската Џублета под заштита на УНЕСКО, саботажа на Самитот во Тирана, пасошот на Дуа Липа во општеството на спектаклите

November 30, 2022
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанската Џублета под заштита на УНЕСКО, саботажа на Самитот во Тирана, пасошот на Дуа Липа во општеството на спектаклите

November 30, 2022 14:30
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

КОХА НЕТ: Албанската Џублета под заштита УНЕСКО

Џублетата, како традиционална албанска облека, стана дел од списокот на светско наследство како духовно или нематеријално наследство.

„На состанокот на Меѓувладиниот комитет за заштита и зачувување на нематеријалното културно наследство на УНЕСКО, што се одржува во Мароко, беше одлучено Џублетата да биде вклучена во Листата на нематеријално културно наследство“, соопшти Министерството за култура на Албанија, објави КОХА НЕТ.

Џублета е традиционална албанска облека, особено застапена во планинските предели.

ЈАВА ЊУЗ: Мечка влезе во Булеварот, што прави државата?!

„Најдоброто во историјата на државата, ќе го направи слетувањето на „авионот“ на Европската унија во Тирана на денот 6, на тој ден овде се состанува Самитот на ЕУ за Западен Балкан. Никогаш до сега не се случило да му дојде „планината“ на децениски изолираниот граѓанин. Ниту пак ќе се повтори, додека навистина не изгрее сонцето од ридовите на Драч.

Сите го знаат тоа, и го доживуваат со стравување. Тој ден корумпираниот, и минер на демократската држава Сали Бериша, се закани дека „нема сила на светот“ што може да го спречи. Со група милитанти ќе се построи надвор од Самитот и ќе си го направи своето.“, пишува Фрок Чупи во колумната „Мечка влезе во Булеварот, што прави државата?!“.

ИНСАЈДЕРИ: Пасошот на Дуа Липа во општеството на спектаклите

„Вчера на социјалните мрежи беа објавени две фотографии една до друга, на едната британската поп ѕвезда со албанско потекло Дуа Липа го добива пасошот на Албанија од премиерот Еди Рама, на другата фотографија неколку млади момчиња во стар автобус со албански пасоши во нивните раце додека оделе на печалба.

Имаше коментатори од Косово кои велеа дека Дуа Липа албанскиот пасош го добива по забрзана постапка, а за тој пасош треба да чекаат со години или да платат готовина.

Имаше коментатори од Албанија кои истакнаа дека тој пасош често завршувал во каналите, некогаш длабоко во каналот Отрант, а денес длабоко во Ла Манш, додека синовите и ќерките на обичните Албанци го продолжуваат егзилот со незапирливо темпо.“, извадок од колумната „Пасошот на Дуа Липа во општеството на спектаклите“ од Арбер Заими.

Д. Тахири

 

Tags: Запеден БалканПротестиСали БеришаСамитУНЕСКОЏублета
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ