• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Бериша против „уроци“ на Самитот во Тирана, време е за спроведување на Берлинскиот процес, Рама за атер на Вучиќ

December 5, 2022

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Бериша против „уроци“ на Самитот во Тирана, време е за спроведување на Берлинскиот процес, Рама за атер на Вучиќ

December 5, 2022 10:30
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

JAWA NEWS:  „Против „уроци“ на 6-ти“

„Оваа, сегашнава, е последната „магија“ на светот: Сали (Бериша )и Илир се фатија за мечовите за да ја уништат Албанија и Албанците и да му одржат лекција на Западот, но Господ ги наведе да се соочат со бројот 6. Бројот 6 е ​​датумот на декември 2022 година, кога се одржува Самитот на Европската Унија во Тирана.

Ќе видите како Сали и Илир, штом ќе почне Самитот, ќе се појават на нивните екрани и ќе викаат како духови: „Да, ова беше играта, ние го сакаме бројот 6; ние сме љубов, а не смрт!’.

Во театарот Сали-Илир ќе се каже дека „планот ни беше за арно, и да убиевме некои луѓе, ќе беше за најдобро! Имаат право да го кажат ова, затоа што сите убиства од годините ’96, ’97, ’98, ‘2008, 2011 и којзнае колку, му користеа на Бериша, го донесоа на власт. Повторно изостри заби, којзнае колку би украл пак. Сега овие избраа да му служат на Самитот, но да му служат понизно, како „зло око“( урок).“, пишува Фрок Чупи во колумната „Против „уроци“ на 6-ти“

PANORAMA: „За редимензија на Самитот „Брдо-Бриони“ во рамките на Берлинскиот Процес“

„Трите договори потпишани во Берлин во рамките на Берлинскиот процес, заедно со тековните цели бараат имплементација и одобрување од секоја држава или надминување на ќорсокакот што произлегува од историските спорови, бара позитивна интервенција на регионалните актери како што се Загреб, Љубљана или западниот актер, како Виена… реализацијата на целите на Берлинскиот процес бара не само мулти-инклузија, туку бара и дијалог со евроинтегративен дух, со конечна цел да се постигне позитивен резултат од Интеграцијата… дијалог со услов за секоја земја што носи опипливи резултати во напредокот на секоја држава. Редимензионирањето на Самитот „Брдо- Бриони“ значи активно димензионирана улога каде што е потребна акција надвор од дијалогот, и времето за акција за почеток на спроведувањето на Берлинскиот процес, е токму сега.“, пишува Ардит Ѓинали во колумната „За редимензија на Самитот „Брдо-Бриони“ во рамките на Берлинскиот Процес“.

SYRI NET: За атер на Вучиќ!

„Во спротивно, и без воопшто да биде националист, дури и без потреба да ги поддржи Џака и Шаќири, зарем не би било должност на албански премиер да го постави прашањето и загриженоста, зошто селекторот на Србија дури и кога постигнува гол против Швајцарија сака да ги пцуе мајките на Албанците?

Зошто српските навивачи и кога си играат со Швајцарија навиваат за убиство на Албанци? Рама да беше вистински антинационалист, немаше да има проблем да го прекорува однесувањето и изразувањето на шовинизмот од страна на Србите. Но, ако нема храброст, барем Рама би ја искористил блискоста со Вучиќ да му каже „аман, не убивајте и не пцујте…“, пишува Арбер Заими во колумната „За атер на Вучиќ“.

Д. Тахири

Tags: Берлински процесБрдо-БриониВучиќРамаСамитТиранаЏакаШвајцарија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ