• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Демонтирани 155 камери низ Тирана, уапсени 37 лица за незаконско поставување камери, во амбасадата на САД во Приштина денеска дискусија за Заедницата

January 31, 2023
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Демонтирани 155 камери низ Тирана, уапсени 37 лица за незаконско поставување камери, во амбасадата на САД во Приштина денеска дискусија за Заедницата

January 31, 2023 11:56
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Албанските медиуми известуваат дека во рамки  на операцијата „Фијет“ („Нитки“), во Тирана се демонтирани 155 камери , а уапсени се 37 лица што ги поставиле камерите спротивно од законите, во Приштина во амбасадата на САД денеска се одржува состанок за формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство. Ова е само дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги избра од албанските медиуми во регионот.

ВИЗИОН ПЛУС: Полицијата демонтира  155 камери во Тирана, уапсени 37 лица

„Имплементацијата на полицискиот оперативен план со шифра „Фијет“ („Нитки“),  инициран од Генералниот директорат на државната полиција, продолжува во сите области на Албанија.

Деветтата фаза од овој национален оперативен план е финализирана во Тирана.

Во оваа фаза, полицијата демонтирала 155 камери поставени спротивно на законот во градот Тирана.

Во истрагата за неправедно мешање во приватниот живот, се 37 граѓани кои незаконски ги поставиле овие камери.“, пренесе албанскиот медиум Визион Плус.

РАДИО ЕВРОПА Е ЛИРЕ – САД: Кабинетот на Курти и кабинетот на Османи го потврдуваат учеството во дискусијата за Заедницата

Американската амбасада во Приштина соопшти дека Кабинетот на премиерот на Косово, Албин Курти и на претседателката  Вјоса Османи, го потврдиле учеството на дискусијата за Заедницата  што оваа амбасада ќе ја одржи денеска ( 31 јануари).

„Нашата цел е да го унапредиме меѓусебното разбирање за посветеноста на Заедницата на општини со мнозинско српско население“, се вели во одговорот на портпаролката на американската амбасада Кетрин Џад, за Радио Слободна Европа на албански јазик.

ЕКОНОМИА ОНЛАЈН: Курти не кажува дали бил поканет од Американската амбасада за Здружението: Таму е мојот кабинет

„Косовскиот премиер Албин Курти не сакаше да ја коментира средбата свикана од Американската амбасада во Косово, на која ќе се разговара за Заедницата на општините со мнозинско српско население, пренесува Економија онлајн. средба, додека не кажа детали дали и самиот бил поканет.„Средбата започна таму и таму е мојот кабинет“, кратко изјави Курти,“ пренесе Економиа Онлајн.

ТВ 21: Алтернатива потврди дека од нив не е побарано отстапување на Министерството за здравство

„Амир Елези од Алтернатива во емисијата  ClickPlus на ТВ21, изјави дека премиерот Димитар Ковачевски не побарал од лидерот на ААА, Африм Гаши да го ослободи Министерството за здравство, кое го води Беким Сали.

„До оваа фаза не е разговарано“, рече Елези.“, пренесе ТВ 21.

БОТА СОТ: Зошто треба да им веруваме на САД во однос на Заедницата?

„САД беа меѓу првите земји што го признаа Косово како држава. САД никогаш не ја доведувале во прашање државноста на Косово и отсекогаш биле нивни најголем поддржувач. Доволно е да се потсетиме на американските амбасадори во ОН, кои беа наши најголеми поддржувачи на состаноците на Советот за безбедност.

Косово во моментов се наоѓа во многу критичен момент. Тоа е затоа што се изнесуваат различни верзии за постигнување на конечниот договор со Србија.“, извадок од колумната „ Зошто треба да им веруваме на САД во однос на Заедницата?“, од Мимозе Лакна, објавена во косовскиот дневник Бота Сот.

Д. Тахири


Сите права се задржани.

Tags: албански медиумиАлијанса за АлбанцитеалтернативаЗаедницаизборПриштинарегионТирана
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ