Робели: Жените се убиваат затоа што се жени!
„Убивањето жени не е убиство поради „проблеми“ или „љубомора“. Жените се убиваат затоа што се жени. Ова се нарекува фемицид. На Косово му треба востание против ова специфично и токсично насилство врз жените. Да, востание затоа што ова насилство има потенцијал да остави долгорочни и непоправливи последици за целото општество.“, Енвер Робели во колумната Жените се убиваат затоа што се жени!
БОТА СОТ – Отворено писмо до Курти: Кога ќе преминеме на белата страница?
„Почитуван премиере Курти, овој настан (убиството на жената и нејзиното неродено бебе) е многу болен, со библиски размери, и секако дека на ова треба да се стави крај. Ние како општество мора да го знаеме изворот на ова зло, од каде доаѓа, бидејќи не е само еден случај, туку случаите на насилство врз жени и девојки веќе станаа сериски – секојдневие. Прво, мора да знаеме дека сите овие убиства го наоѓаат својот извор во обичајното право или во голема мера доаѓаат од општествени норми кои се разбира веќе постојат напишани/кодификувани во Канонот, но, се во спротивност со законите на Република Косово, ЕУ итн. Значи, треба да има реформи во образованието, воведување на предметот етика или обичајно право, што треба да се изучува во училиштата и, секако, на културолошките студии на факултет.“, извадок од отвореното писмо до косовскиот премиер Албин Курти, од Зејнулах Јакупи „Кога ќе преминеме на белата страница“.
АБЦ: Албанците денес повеќе сакаат да се идентификуваат како западњаци отколку како Албанци
„Не го почитуваме денот на знамето како што треба. Албанците денес повеќе сакаат да се идентификуваат како западњаци отколку како Албанци. Ги учиме децата за Ноќта на вештерките на 28-29 ноември. За ова сите сме виновни“, изјави режисерот Кастриот Чипи во емисијата „Бело и црно“ на АБЦ.
Д. Тахири