• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Линч кон новите полицајци Срби на северот на косово; фалсификувани електронски пораки во име на Косовската полиција; пожарите во Албанија исфрлија воена муниција на улиците

July 27, 2023
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Линч кон новите полицајци Срби на северот на косово; фалсификувани електронски пораки во име на Косовската полиција; пожарите во Албанија исфрлија воена муниција на улиците

July 27, 2023 12:46
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Новите полицајци, припадници на српската заедница на Косово, на денот на почетокот на својата работа на терен, беа линчувани на социјалните мрежи од страна на други Срби, кои ги нарекоа предавници, пишуваат косовските медиуми. Во Албанија, пожарите исфрлија на површина воена муниција…

Ова се само дел редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Дукаѓини: Новите српски полицајци кои  почнаа со работа на северот на Косово, линчувани на социјалните мрежи

“Меѓу многуте питомци регрутирани во косовската полиција, неодамна се приклучија и многу припадници на српската заедница. Од  над 400 млади кадети, 45 од нив припаѓаат и на српската заедница, од кои голем број од нив обуката ја вршат во северните области на Косово.

Но, младите српски функционери кои неодамна стапија во косовската полиција, покрај секојдневната работа, се соочуваат  и со линч на социјалните мрежи од страна на други Срби, кои  објавија нивни фотографии на социјалните мрежи, обвинувајќи ги за предавство.

Според заменик директорот на полицијата во Северна Митровица, ова не е прв пат да се соочат со вакви случаи.“, пренесува Дукаѓини.

Газета Експрес: Полицијата објавува документи и формат на лажни е-пошта кои се шират со нивните логоа и имиња на високи функционери

Косовската полиција излезе со уште едно појаснување во врска со оптек на фалсификувани електронски пораки, кои наводно, припаѓаат на косовската полиција, а се издадени од високи функционери.

“Дистрибуцијата на овие мејлови, за кои се верува дека се официјални електронски пораки издадени во име на високи функционери на КП, вклучително и документ кој го содржи логото на КП, владиното лого, разни печати и натпис на ЕУРОПОЛ, наводно се издадени со цел известувајќи ја странката одредена за судска наредба,  не се официјални документи на косовската полиција, а уште помалку издадени од високи функционери во КП, туку се фалсификувани електронски пораки и документи за употреба со одредени цели.“, се вели меѓу другото во соопштение од Косовската полиција, пренесе Газета експрес.

Клан Косова: Криза на северот, висока делегација од САД ќе го посети Косово

Висока делегација од Соединетите Американски Држави за неколку дена ќе престојува во Приштина на 30 и 31 јули.

Како причина за оваа посета се наведува состојбата на северот од земјата во последните месеци, пренесува Клан Косова.

АЛБАНИЈА

Репортери: Откриена мрежата на измамници на Кол центарот, на италијански државјани им е причинета отштета од 4,7 милиони евра

„Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција утрово одржа прес-конференција на која заедно со своите италијански колеги најавија разбивање на структурирана криминална група која се занимава со онлајн измами на италијански државјани.

Од СПАК соопштуваат дека како резултат на акцијата се распишани вкупно 14 потерници. Во меѓувреме, треба да се напомене дека истрагата која ја откри измамата е резултат на 140 пријави направени во Италија од страна на повредените лица.“, пренесува  Репортери.

Ора Њуз: Пожарот во Пештан исфрли на површина воената муниција, ризик од експлозии

„Пожарот во месноста Пештани исфрли воена муниција на улиците. Во близина на патот Фиер-Цакран, пожарникарите успеале да пронајдат кутија полна со чаури, кои се користат за автомати калашников.

Не се знае на кој период му припаѓаат, но се смета дека биле скриени на овој простор од нередите во 1997 година. Експлозија на чаури се слушнала и претходниот ден, а поголемо количество од пламенот излегло и на улица.“, пренесе Ора Њуз.

КОЛУМНА

Коха: Трите диспропорции  на Албанија

„За потребите на оваа статија избрав три диспропорции, за кои сметам дека многу кажуваат за денешна Албанија. Албанија денес има несразмерно повеќе канти со вода од која било друга земја што ја познавам во Европа, неформални пари и потреба од политичка опозиција.

Сите три се некако меѓусебно поврзани и создаваат важен момент за политичката култура на земјата.“, пишува Ветон Сурои во колумната „Трите диспропорции на Албанија“, објавена во Коха.

Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ