• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Малолетни имигранти Албанци исчезнати во Британија, која е поврзаноста со уапсениот функционер на ФБИ со Рама

January 25, 2023
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Малолетни имигранти Албанци исчезнати во Британија, која е поврзаноста со уапсениот функционер на ФБИ со Рама

January 25, 2023 10:53
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Сагата со албанските емигранти во Велика Британија продолжува, а денешниот фокус на медиумите во Албанија е исчезнувањето на околу 200 малолетни имигранти Албанци во Британија, како и апсењето на поранешен функционер на ФБИ кој медиумите го поврзуваат со Еди Рама. Ова е дел од денешниот избор на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

АЛБЕУ: Аларм во Британија, „исчезнаа“ 200 малолетни имигранти, повеќето Албанци

„Двесте малолетни мигранти без придружба кои престојувале во британски хотели исчезнале, објави во вторникот британската влада, обвинета од опозицијата за „напуштање деца“.

Според  Заменик државниот секретар за имиграција Роберт Џенрик, пријавени се 440 „исчезнувања“, а 200 од нив се уште не се пронајдени. 13 биле помлади од 16 години, додека само едно е девојче.“, пренесе албанскиот медиум Албеу.

БАЛКАН ВЕБ: Уапсен е поранешниот функционер на ФБИ познат како пријател на Рама, земал пари „на рака“ од Русите

„Поранешен висок функционер на ФБИ е обвинет за кршење на американските санкции против Русија со тоа што земал „прикриени“ плаќања од руски олигарх.

Чарлс МекГонигал, кој го предводеше одделот за контраразузнавање на ФБИ во Њујорк од 2016 до 2018 година, беше уапсен во саботата, обвинет дека работел со поранешен советски дипломат кој станал руски преведувач во име на рускиот милијардер Олег Дерипаска. Во меѓувреме, во напис на „Инсајдер“ се открива дека поранешниот функционер бил поврзан со албанскиот премиер Еди Рама“,  пренесува БалканВеб.

ИНСАЈДЕРИ – Османи: Србите на северот на Косово се плашат од криминалните банди на Вучиќ

„Проблемот е што Србите на северот на Косово се на границата со Србија, а Вучиќ ги користи како заложници: не се плашат од мене, тие се плашат од српските банди кои влегуваат во нивните куќи, им ги палат автомобилите, им се закануваат на нивните деца“, изјави косовската претседателка Вјоса  Османи за италијанскиот  „Кориере “, пренесува косовскиот Инсајдери.

ГАЗЕТА ЕКСПРЕС: Имотот на функционерите во Косово кој не е оправдан, ќе биде конфискуван

„Косовскиот заменик-министер за правда , Блерим Салаху, изјави дека сите јавни функционери кои земаат плата од буџетот на Косово и кои не можат да го оправдаат богатството, ќе бидат конфискувани од судовите на Косово.“, пренесе Газета Експрес.

ИНДЕКС – Феноменот Али Ахмети: Неговите идеи тешко се отфрлаат!

„Дали постои „феноменот Али Ахмети?

„Изгледа постои. Кога еден политичар е на политичката сцена 20 години по ред и никогаш не изгубил избори, тогаш со право можеме да зборуваме за него како за феномен. Но, самиот факт не е единствениот аргумент.“, извадок од едиторијалот  „Феноменот Али Ахмети: Неговите идеи тешко се отфрлаат!“ на ИНДЕКС.

Д. Тахири 

Tags: албански медиумиАхметиБританијаизчезнатиКосовомалолетнимигрантиОсманиРамаруски париФБИ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ