• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: На војник од КФОР му е ампутирана ногата по повредите од насилствата од српските демонстранти; планот на Вучиќ и Додик за надоместок на загубата на Косово; зошто МЕК е нападнат во Албанија и Франција

July 11, 2023
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Виктор Орбан (фото: © European Union, 1998 – 2026)

ЕУ сака „без нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: На војник од КФОР му е ампутирана ногата по повредите од насилствата од српските демонстранти; планот на Вучиќ и Додик за надоместок на загубата на Косово; зошто МЕК е нападнат во Албанија и Франција

July 11, 2023 10:18
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Косовските медиуми известуваат дека на унгарски војник од мировните сили на НАТО во Косово, КФОР, му е ампутирана ногата како последица повредите што ги добил во судирите со српските демонстранти на северот на Косово. Швајцарски медиуми  го откриваат планот на Вучиќ со Додик  како планира да ја надомести загубата на Косово, пренесуваат косовските медиуми.

Ова се само дел од темите кои редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

РТВ 21: КФОР потврди  дека на војникот кој беше повреден во Звечан му е ампутирана ногата

„На унгарски војник, кој служел во мировните сили на НАТО во Косово, КФОР, му е ампутирана ногата по повредите што ги добил во судирите со српските демонстранти на северот на Косово, пренесува РТВ 21.

На 29 мај, за време на континуираните протести на Србите во северните општини, беа нападнати и повредени 30 војници на КФОР.

Бота Сот – „Опасна идеја“, швајцарските медиуми го откриваат планот на Вучиќ со Додик  како планира да ја надомести загубата на Косово

„Милорад Додик, претседателот на српскиот ентитет во Босна и Херцеговина, повторно планира да се отцепи од државата. Овие закани често се слушнати од него. Но, овој пат е важно повнимателно да се слуша што зборува Додик – и пред се,  да погледнете повнимателно што правите. Зашто, со ескалацијата на проблемите околу Косово, се влошија и рамковните услови за Босна и Херцеговина“, пишува швајцарскиот весник Ноје Цирхер Цајтунг, пренесува косовскиот дневник Бота Сот.

Телеграфи – Курти за BBC HardTalk: Ние сме за САД, НАТО и ЕУ, Србија е поврзана со Кремљ

Во интервју за ХардТалк на Би-Би-Си, на прашањето дали е подготвен да дејствува за деескалација на ситуацијата, Курти повтори дека поради оваа причина понудил и предвремени избори во четирите северни општини.

Курти истакна дека Косово е демократска земја, додека Србија, според него, е поавтократски хибриден режим.

„Вучиќ ме напаѓа секој ден, понекогаш и неколку пати на ден, но Косово е демократска земја, со прозападна ориентација, според Транспаренси Интернешнл, за Фридом Хаус, Косово е демократска земја, додека Србија е прилично автократски хибриден режим. па ние сме про-ЕУ, про-НАТО и про-САД. Србија е многу поврзана со Кремљ“, рече Курти, пренесува Телеграфи.

АЛБАНИЈА 

Газета Тема: Зошто МЕК е нападнат во Албанија и Франција?

„Во рок од една недела минатиот месец, МеК се соочи со ретка рација на својата голема база во Албанија, каде што е седиштето, како и со забрана на планираниот годишен митинг во Франција, каде што одржува такви настани веќе неколку години. МеК верува дека овие акции се дел од „политиката на смирување“ на режимот во Техеран, изјави висок претставник на групата за Си-Ен-Ен во интервју.

„Стана јасно дека загриженоста за безбедноста е само изговор за да се смири свештеничкиот режим“, рече Шахин Гобади, член на Комитетот за надворешни работи на Националниот совет за отпор на Иран, политичко крило, со седиште во Париз, за CNN,  осврнувајќи се на забраната за собир од страна на француските власти.“, пренесува Газета Тема.

АБЦ: Одобрен медицинскиот канабис во Албанија  

Собраниската комисија за социјални работи и здравство начелно го одобри предлог-законот за контрола на одгледувањето и преработката на канабис и неговите нуспроизводи за медицински и индустриски цели.

Ќе бидат означени садници и семиња кои ќе се користат за оваа намена. Ова ќе им служи на агенциите за спроведување на законот да ги следат и да ги разликуваат од која било друга незаконска активност, пренесува АБЦ.

КОЛУМНА

Коха: Појавата на популарниот тиранин

„Една од најзначајните дефиниции за владеењето на Александар Вучиќ во Србија доаѓа од проф. д-р. Милан Подунавац, професор по политички науки на Универзитетот во Белград и на Факултетот за хуманистички науки во Подгорица.

Пред неколку недели, во едно долго интервју, меѓу другото, рече: „Не е прв пат во политичката историја да се раѓа типот на владеење што го имаме денес во Србија. Појавата на „народни тирани“ и луѓе од маргините на општеството кои ја преземаат власта ја придружува политичката историја уште од најраните времиња. (…) Овие типови на влади обично се појавуваат во земји каде народот нема политичка свест, па политиката обично се сведува на борба на малите клики кои се борат за моќ и богатство. Повеќето од луѓето одат во војска, плаќаат даноци, се грижат да не бидат фатени од полиција, но во основа немаат работа со политичкиот живот. Купувањето и поткупувањето на влијателни поединци обично е единствениот начин да ги поврзете со лидерите. Ова е, горе-долу, описот што би и одговорил на Србија“, пишува авторот Енвер Робели во колумната „Појавата на популарниот тиранин“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Д. Тахири

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ