Барањето од група пратеници во албанскиот парламент до Уставниот суд да и се одземе мандатот на пратеничката Олта Џачка денеска е во фокусот на медиумите во Албанија. Косовските медиуми го цитираат Курти од интервју за швајцарски „Блиц“ во однос на повлекувањето на швајцарските војници од земјата, а во Ѓаковица, Хоџа, свештеник, фратар и шеих помируваат три семејства. Ова е дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.
ПАНОРАМА: Уставниот суд го разгледува барањето за одземање на мандатот на Олта Џачка
„Група пратеници Газмент Барди, Дашнор Сула, Јорида Табаку, Саимир Кореши, Орјола Пампури, Арби Агалиу, Мерита Бакиу, Лефтер Гештења, Салаудин Јакуплари, Жени Ѓерѓи, Фердинанд Џаферај, Илда Дори, Емиља Колиќи и Фламур Хоџа побараа Судот да го реши конфликтот на овластувањата меѓу опозицијата и мнозинството, барајќи од Собранието да побара од Уставниот суд да и го одземе мандатот на пратеничката Олта Џачка.“, пренесе албанскиот дневник Панорама.
АРБРЕШ – Курти: Швајцарија да не ги отстранува војниците, опасноста од Србија е голема
„Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Швајцарија не треба да ги отстранува своите војници од Косово.
Курти во интервју за швајцарскиот весник „Блиц“ реагираше на барањето на најголемата партија во оваа земја СВП, која порача дека швајцарските војници треба да се повлечат од Косово, поради опасноста што е присутна.“, пренесе косовскиот портал Арбреш.
ТЕЛЕГРАФИ: Хоџа, свештеник, фратар и шеих помируваат три семејства во Ѓаковица
„Во црквата Свети Михаил во ѓаковското село Доблибаре (Косово) денеска се одржа помирувањето меѓу трите семејства Ѓевалин Алија, Мухарем Муса и Ќендрим Садику во присуство на фратар, свештеник, шеих и хоџа.“, пренесе косовскиот дневник Телеграфи.
РТК: Денеска стартува пилот проектот за поврзување на граѓанинот со единствена адреса
„Свеченото отпочнување на Пилот проектот за поврзување на граѓаните со единствена адреса ќе се одржи денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Косово“, пренесе косовскиот дневник РТК.
АЛМАКОС: Влегува ли АА или не, оваа дебата треба да заврши што поскоро?!
„Алијанса за Албанците пред неколку месеци беше обвинета дека е про „Левица“, ВМРО-вска, груевистичка, а денес од ДУИ се гали како камелеон!!!
Партијата на Али Ахмети, се разбира, 20 години создава моќ, пари и систематски ПР кој спинува, пали и гаси теми и мислења, кога ќе и затреба!“, извадок од колумната „Влегува ли АА или не, оваа дебата треба да заврши што поскоро?!“, од Насер Пајазити објавена во АЛМАКОС.
Д. Тахири