• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Приштинскиот универзитет ќе отвори курсеви по ромски јазик; 17 години од „средбата на слоновите“;„ПризренФест“ отворен со приказна од Украина

July 24, 2023
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Приштинскиот универзитет ќе отвори курсеви по ромски јазик; 17 години од „средбата на слоновите“;„ПризренФест“ отворен со приказна од Украина

July 24, 2023 10:26
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Јазичниот центар при Филолошкиот факултет на Универзитетот во Приштина „Хасан Приштина“ се планира да се отвори курс на кој за првпат ќе се изучува основниот ромски јазик, пренесуваат косовските медиуми. Во Албанија, со новиот договор се очекува во Албанија  да се депортираат 17 Албанци кои се познати по правдата во Британија, меѓу нив и серискиот убиец Мане Дриза или како што инаку го нарекуваат „Скарфејс“.

Ова се само дел од темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

РСЕ: Приштинскиот универзитет  наскоро со курсеви по ромски јазик

Во Јазичниот центар при Филолошкиот факултет на Универзитетот во Приштина „Хасан Приштина“ се планира да се отвори курс на кој за првпат ќе се изучува основниот ромски јазик.

Линдита Ругова, декан на Филолошкиот факултет, вели дека во моментов се е во фаза на планирање.

„Имам идеја да отворам курс по ромски јазик, не програма, не катедра, курс во Јазичниот центар што го основавме пред две години… Да почнеме можеби наесен“, вели Ругова за Радио Слободна Европа. Според неа, идејата е првично курсот да биде бесплатен.

Клан Косова: Косовското собрание денеска и утре е отворено за иселениците

Собранието на Косово од денеска ќе ги отвори вратите за сонародниците. Во соопштението на Собранието се наведува дека на 24 и 25 јули ќе се одржи традиционалната активност „Сонародниците во Собранието“.

Сите сонародници кои сакаат да го посетат Собранието на Косово и да се сретнат со пратениците од 08:00 до 16:00 часот, пренесува Клан Косова.

​Бота Сот: 17 години од „средбата на слоновите“

На 24 јули 2006 година, во Палатата Нидеростерих, во Виена, Австрија, се одржа средба на највисоките претставници на Косово и Србија.

Таму беа присутни Агим Чеку-претседател на Косово, Фатмир Сејдиу-претседател на Косово, Војслав Коштуница-премиер на Србија, Борис Тадиќ-претседател на Србија и други членови.

Очекувано, договор не беше постигнат, но Марти Ахтисари смета дека е успешен поради фактот што овие лидери се сретнале лице в лице.

Во Косово оваа средба беше опишана како „средба на слоновите“. Движењето „Ветевендосје“ протестираше во Приштина против овие разговори, пренесува Бота Сот.

АЛБАНИЈА

Факс Веб: 17-те убијци осудени во Британија кои се очекува да бидат депортирани во Албанија, меѓу нив и серискиот убиец познат како „Скарфејс“

Со новиот договор се очекува во Албанија  да се депортираат 17 Албанци кои се познати по правдата во Британија, меѓу нив и серискиот убиец Мане Дриза или како што инаку го нарекуваат „Скарфејс“.

Весникот „Сандеј телеграф“ пишува дека тие се обвинети за разни кривични дела, главно убиства, кои ги ставиле зад решетки, додека сега се очекува остатокот од казната да го одлежат во Албанија.

45-годишниот Мане Дриза, серискиот убиец кој инаку е познат како „Ал Пачино“ и „Тони Монтана“ или „Лице со лузна“, е осуден на 336 години затвор во Обединетото Кралство за убиство, пренесува Факс Веб.

КУЛТУРА

Коха: „ПризренФест“ почнува со приказна од Украина, театарот ги зближува луѓето

„Мајдан инферно “ беше претставата што ја крена завесата на второто издание на меѓународниот театарски фестивал на отворено, „ПризренФест“. Украинската војска слета во Косово бидејќи откри приказна поврзана со тамошната војна, но тоа доаѓа како повик на совест. На свеченото отворање – каде актерот Енвер Петровци беше одликуван за животно дело – беше истакната моќта на театарот да ги зближи луѓето, пишува Коха.

КОЛУМНА

Панорама: Корупцијата во Албанија и смислата на животот

„Додека евроскептиците се справуваа со последиците од членството на Балканот, Албанија постигна највисоки антикорупциски резултати токму во 2016-2017 година, кога земјата бележеше значителни подобрувања во демократијата и, пред сè, поддршката за спроведување на законот. Тоа беше првиот мандат на Рама. Тоа беше почеток на реформите во правосудството. Многу надеж. Албанија со текот на годините се врати на својот тренд. А, денеска во извештајот за индексот на перцепција на корупцијата, спроведен од „Транспаренси Интернешнл“ за 2022 година, Албанија е на 101 место од 180 земји во светот по ниво на корупција, со само 36 од 100 поени“, пишува авторот Бен Андони во колумната„ Корупцијата во Албанија и смислата на животот“, објавена во Панорама.

Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ