• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама негира поврзаност со аферата, бизнисот бил уште од времето на Бериша, на повидок спроведување на сите точки од договорите за Србија и Косово

January 26, 2023
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026
Христијан Мицкоски, Њујорк, 21 септември 2026 (скриншот, видео)

Мицкоски од Њујорк: Остануваме на европскиот пат, нејасно со кои конкретни чекори

September 22, 2026

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама негира поврзаност со аферата, бизнисот бил уште од времето на Бериша, на повидок спроведување на сите точки од договорите за Србија и Косово

January 26, 2023 10:52
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија продолжува медиумскиот интерес за наводната афера, односно поврзаност на Еди Рама со уапсениот поранешен шеф на контраразузнавање на ФБИ, а на виделина излегоа документи дека Мекгонигал водел бизнис во Тирана уште од времето на Бериша. Денешниот избор на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа обработува уште неколку теми од албанските медиуми во регионот, а се однесуваат на Косово и Северна Македонија.

ЛАЈМИ НЕТ -Рама: Немам никаква врска со истрагите за Мекгонигал

„Еди Рама признава дека неколку пати се сретнал со Чарлс Мекгонигал, поранешниот шеф на канцеларијата за контраразузнавање на ФБИ и дека ќе продолжи да се среќава со секој висок функционер на ФБИ, но категорично ги негира обвинувањата упатени во Тирана од опозицијата за вмешаност во случаите за кои е обвинет во САД.“, пренесе албанскиот портал Лајми Нет.

ТОП ЧАНЕЛ: Врската на поранешниот шеф на ФБИ со неговите двајца партнери од Тропоја во компанијата се отвори во Тирана, бизнис уште од времето на Бериша!

„Документите за регистрација на компанија во Албанија покажуваат дека поранешниот висок функционер на ФБИ, Чарлс Мекгонигал, кој беше уапсен во Њујорк, е во Албанија како деловен администратор од 2007 година, во времето кога владата ја предводеше Сали Бериша.“, се вели меѓу другото во напис во албанскиот медиум Топ Чанел.

ТЕЛЕГРАФИ: Лајчак по средбата со Курти: Се договоривме дека мора да се спроведат сите договори

„Се вратив денеска во Косово за да ги продолжам моите искрени, отворени и интензивни дискусии со премиерот Албин Курти и заменикот премиер Бесник Бислими, за понатамошните чекори и патот напред за нормализација на односите со Србија. Исто така, се сложивме дека  сите поранешни договори од дијалогот, треба да се спроведат целосно. “, напиша Лајчак на Твитер, пренесе косовскиот медиум Телеграфи.

ПАНОРАМА: Албански книги за Битола /Иницијатива на албанска студентка за отворање  библиотека во куќата во која се родила азбуката на албанскиот јазик

„Иако градот Битола во Северна Македонија е домот каде е воспоставена азбуката на албанскиот јазик, таму нема библиотека со албански книги.

Иницијативата ја презеде студентката Емира Селими преку социјалните мрежи, преку која ги повика Албанците да придонесат. Таа рече дека со години се спречува отворањето на гимназија на албански јазик.“ пренесе дневникот Панорама.

БОТА СОТ: Експериментот, Асоцијацијата/Заедницата…!

„Според документот потпишан во Брисел, експериментот наречен Асоцијација/Заедница на општини со српско мнозинство, не е претставен како меѓудржавен „договор“, бидејќи Србија не ја признала државата Косово! НО, експериментот наречен Асоцијација/Заедница … не е ниту меѓународен!?, затоа што Косово е земја која не е членка на ООН…“, извадок од анализата „Експериментот, Асоцијацијата/Заедницата …!“, од Шќиприм Пула, објавена во косовскиот дневник Бота Сот.

Д. Тахири

 

Tags: AL -PRESSалбански јазикБеришабиблиотекаБитолаЗаедницаЛајчакмадиумиМекгонигалРамарегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ