• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Приштина новинарите протестираат во поддршка на медиумите; „Клан Косова“- од фискален рај до врски со Србија; апликацијата СКАЈ под лупата на албанските служби

July 31, 2023
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Приштина новинарите протестираат во поддршка на медиумите; „Клан Косова“- од фискален рај до врски со Србија; апликацијата СКАЈ под лупата на албанските служби

July 31, 2023 11:48
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Приштина денеска Здружението на новинари ќе одржи протест во знак на револт поради суспензијата на деловниот сертификат на Клан Косова од страна на Министерството за индустрија, претприемништво и трговија. Од друга страна, според истрагата, излегува дека сопственоста на телевизијата „Клан Косова“ е многу комплицирана, од фискален рај, до врски со Србија, пренесуваат косовските медиуми.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

РТК: Здружението на новинари на Косово денеска ќе одржи протест

„Здружението на косовските новинари најавува дека денеска ќе одржи протест за поддршка на медиумите и граѓанските организации.

Протестот се одржува во знак на револт поради суспензијата на деловниот сертификат на Клан Косова од страна на Министерството за индустрија, претприемништво и трговија.

Според најавата, протестот со мотото „Демократијата умира во темница“ ќе започне во 12 часот, на плоштадот Захир Пајазити во Приштина.“, пренесе РТК.

Бота Сот: Од фискален рај до врски со Србија, вистината за затворањето на „Клан Косова“

„Одлуката на косовската влада да не ги толерира прекршувањата на „Клан Косова“ предизвика многу дебати. Министерството за индустрија, претприемништво и трговија вчера соопшти дека ја одбило жалбата на „Косовскиот клан“ за суспендирање на лиценцата за стопанисување, со што одлуката е конечна и сега одлучува само судот.

Ова предизвика многу реакции. Внатре и надвор од Косово се зборува дека медиумите се замолчуваат. Но, дали е ова всушност вистина?

Благодарение на истрагата, излегува дека сопственоста на телевизијата „Клан Косова“ е многу комплицирана. Ја започнал албански државјанин при отворањето во 2008 година, купен од косовски државјанин во 2013 година, а потоа сопственоста ја префрлил на неговата фирма отворена во Македонија, каде што е регистриран како државјанин на Србија.

Потоа, во 2015 година се продава во даночните оази на Девствените острови и повторно завршува во Северна Македонија во 2021 година, каде што сегашниот сопственик исто така го има регистрирано во сопственост на неговата компанија отворена со српски пасош со адреса „Ѓаковица, Србија и каде според документите произлегува дека оваа компанија основана во Северна Македонија како едночлено друштво со ограничена одговорност (ДООеЛ) е странски државјанин и тоа од Србија!“, пишува меѓу другото во статија објавена во Бота Сот.

Газета Експрес: Аналитичари -Оставка на актуелните градоначалници, најлесната опција за избори

„Четворицата градоначалници на северните општини на Косово треба да поднесат оставки и потоа таму да се распишат предвремени избори. Доброволната оставка на претседателите е најлесната и најчистата опција за распишување на предвремени избори, велат познавачи на политичките состојби во државата. Велат дека власта мора да покаже дека е сериозна во однос на прашањето за компромиси за смирување на состојбите на северот.“, пренесе Газета Експрес.

АЛБАНИЈА

Еуроњуз: „3000 Албанци се корисници на апликацијата СКАЈ“, Карамучо: Ќе се откријат и други имиња

„Професорот по криминологија Ервин Карамучо во емисијата „Ревија“ на Eruoenws Albania изјави дека во Албанија има околу 3000 корисници на апликацијата SKY.

Тој исто така рече дека ако овие операции поминат добро во наредните месеци, ќе видиме и други важни имиња кои ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

„Тоа се пораки кои во албански том окупираат до 3000 корисници кои размениле пораки внатре и надвор од државата. Иако тие може да се идентификуваат со имиња, презимиња и IP. Телефоните немаат GPS, нема аудио, нема камера, па затоа не се слушаат.“, пренесе Еуроњуз.

КУЛТУРА

Журнал: Промоција на поштенската марка со ликот на актерот Луран Ахмети

„Поштата на Северна Македонија, во спомен на животот и делото на уметникот Луран Ахмети, организира комеморативна средба на која ќе биде промовирана поштенската марка посветена на актерот.

Комеморативната средба ќе се одржи во Албанскиот театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот.“, пренесе Журнал.

КОЛУМНА

Ина: Околу Клан Косова

„Ме чуди зошто немаме официјална изјава ниту од Деволи-те, ниту од Батон Хаџиу, кој од почетокот е акционер на Клан?!

Зошто не се објавува купопродажниот договор?! Зошто на граѓаните не им се кажува цената на која Александар Франгај го продаде Кланот?! Колку беа почетните акции на Батон? Колку Батон ги продал тие акции?

Дали знаел за целата документација за тоа како „Клан“ е регистрирана во 100 земји?“, коментира Милаим Зека во колумната „Околу Клан Косова“, објавена во Ина.

Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ