• Latest

Избори 2016: МКЦР нуди исцелување на Македонија „синергетски водено од главните раководители на државата“!?

December 23, 2016
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Избори 2016: МКЦР нуди исцелување на Македонија „синергетски водено од главните раководители на државата“!?

December 23, 2016 15:59
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За Македонскиот центар за култура и развој (МКЦР), изборите во неделата биле „празник на демократијата, спроведени без ниеден инцидент, на сите избирачки места, во сите градови и села на Република Македонија“, а тоа, според оваа НВО, „зборува за созревањето на целата нација“ и го „потврдува развојот на Република Македонија како Изборна Демократија“!? Човек не може, а да не се запраша: Кои избори ги следела и ги оценува МКЦР?

Невладината организација Македонски центар за култура и развој (МКЦР), како реализатор на долгорочниот проект „Превенција за време на избори“, денес објави „Оценка за парламентарните избори 2016 и патоказ кон иднината“, која ја потпишува претседателот на организацијата, Нелко Нелковски, како раководител на проектот.

Секоја организација која ги следела изборите на 11-ти декември 2016, има право и обврска да објави извештај за мониторингот.

Но, МКЦР својата „Оценка…“, ја почнува со изразување пофалба „до сите вклучени институции во спроведување на парламентарните избори 2016 година; политичките партии, Владата и премиерот за спроведување на изборите(!?), Министерството и министерот за внатрешни работи и Државната изборна комисија. Овде спаѓаат, сите членови на политичките партии, вкупниот состав на полицијата, сите членови на избирачките одбори и Општински изборни комисии и сите граѓани на Република Македонија“!

Без пофалба од МКЦР, останаа само „фантомите“, „исчезнатите“ граѓани, патниците во „бугарскиот воз“, оние кои се закануваа, вршеа притисоци и ширеа страв…

За МКЦР, изборите биле „празник на демократијата, спроведени без ниеден инцидент, на сите избирачки места, во сите градови и села на Република Македонија. Ова зборува за созревањето на целата нација и со ова се потврдува развојот на Република Македонија како Изборна Демократија“.

Човек не може, а да не се запраша: Кои избори ги следела МКЦР? И каде?

freedom-of-press-500x292

Но, нема крај на ентузијазмот на МКЦР. Во истиот оптимистички дух, МКЦР очекува и прегласувањето на избирачкото место во Теарце, во недела, на 25 декември, „да помине во мирна, демократска и фер атмосфера со што официјално ќе заврши изборниот процес“. Оптимизмот на оваа НВО е немерлив, ама „анализата“ е уште поилустративна, за начинот на кој, за жал, делуваат одделни организации кои се претставуваат како дел од граѓанскиот сектор.

Според МКЦР, „двегодишната политичка криза во Република Македонија и резултатот од изборите, покажуваат длабока поделеност во општеството и по национална и по идеолошка определба на граѓаните. Ваквата поделеност резултира со подеднакво поделени мандати и на досегашната власт и на досегашната опозиција, создавајќи жаргонски кажано ‘пата-пата’ ситуација, која некој ја дефинираат како ‘ќорсокак’“!

И, ајде што „анализира“, ама МКЦР и констатира дека „ваквата ситуација е генерирана од повеќедецениски повторувани грешки во градењето на вкупниот општествен систем на нашата земја“, па дури, дава и предлози за „исцелување на вкупното општество од сите негативни причини“ и предлага „овој процес да биде синергетски,  воден од главните раководители на државата“.

А, меѓу сериозните чекори кои ги предлага МКЦР, се и „воведување на ‘стандарди“ за организација на општеството кои се општоприфатени во најуспешните и најсреќните држави во светот“.

Сериозно, ами како!

proslava-pred-palata1

Откако, сериозно ќе констатира и дека „граѓаните на нашата земја имаат извонредно голема сила, и таа сила треба да биде ‘ослободена’ и искористена на најдобар можен начин“, МЦКР ги охрабрува „раководителите на клучните политички субјекти во земјата да ги надминат своите суети и да отворат сериозни, суштински, продуктивни и фер разговори кои ќе резултираат со формирање на стабилна Влада која ќе направи суштинско подобрување на секојдневниот живот на граѓаните, ќе создаде атмосфера на мир, општествен ентузијазам, пријателство, другарство и одржлив развој“.

Констатирајќи дека „Република Македонија е извонредно богата земја, со драгоцена историја и вонредни природни ресурси“, МКЦР, ја завршува „Оценката…“, со паролата: „Човечките вредности, пред сé и над сé!“

Да не е тажно, би било смешно…

Tags: избориМакедонијаМКЦРполитичка кризаТеарце
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ