• Latest
Харкив, Украина, 9 април 2026 (Фотографија: ДСНС Харківщини)

Јасна порака од Украина: Нафтата ја поттикнува руската војна – без притисок, нема мир

April 9, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Јасна порака од Украина: Нафтата ја поттикнува руската војна – без притисок, нема мир

April 9, 2026 17:07
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, КОНФЛИКТИ, ТОП 5
Харкив, Украина, 9 април 2026 (Фотографија: ДСНС Харківщини)

Харкив, Украина, 9 април 2026 (Фотографија: ДСНС Харківщини)

Share on FacebookShare on Twitter

Русија продолжува со масовни воздушни напади врз Украина. Само во изминатите 24 часа најмалку две лица загинаа, а 23 се повредени. Агресорот лансираше 119 дронови, од кои 99 се соборени. Нападите се концентрирани во источните и јужните региони, особено во Донецк и Днипропетровск, каде цивилната инфраструктура повторно е главна цел на рускиот агресор.

Паралелно, фронтот укажува на интензивни воени дејствија на фронтот, но без напредок, наспроти руската офанзива која започна пред неколку недели. Аналитичарите зборуваат за долготрајна војна на исцрпување без брз дипломатски пробив.

Пораки од Кијив

Украина продолжува да ја комбинира воената одбрана со дипломатски и економски притисок врз Русија, додека глобалните енергетски тензии и дебатите за санкциите дополнително ја усложнуваат ситуацијата.

Во најновите изјави, украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно ја нагласи клучната улога на санкциите, особено во контекст на глобалната нафтена криза и притисоците за нивно ублажување.

Зеленски предупредува дека секое попуштање на санкциите директно ја зајакнува способноста на Русија да ја продолжи војната. Оваа позиција се надоврзува на неговите претходни изјави дека санкциите „ги намалуваат руските приходи, особено од нафта“ и ја ограничуваат способноста на Кремљ да ја финансира агресијата.

Во услови на глобална нестабилност поради кризата на Блискиот Исток и Ормускиот теснец, дел од меѓународните актери размислуваат за олеснување на санкциите – чекор што Кијив го смета за опасен сигнал.

„Веќе фактички не постојат причини за намалување на санкцискиот притисок – порано тоа се оправдуваше како наводна потреба за ублажување на проблемите на светскиот пазар на нафта. И доколку се успее да се деблокира Ормускиот теснец, руските нафтени приходи треба и понатаму да се намалуваат. Нафтата ја поттикнува руската војна и ѝ дава самоувереност на Русија. Војната никому не му е потребна,“ гласи изјавата на претседателот Зеленски.

Паралелно со воените операции и санкцискиот притисок, Украина продолжува да ја нагласува потребата од дипломатско решение – но под услови што нема да ја наградат агресијата.

Во таа насока, амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, денеска порача:

„Прекинот на огнот отвора простор за дипломатија и треба да му претходи на вистинското завршување на војната. Токму така 🇺🇦 пристапува кон спротивставувањето на агресијата на рф. Санкцискиот притисок е неопходен инструмент за принудување на рф кон мир, и затоа треба да се задржи.“

И покрај интензивните борби, претседателот Зеленски повторно повикува на прекин на огнот, особено за време на верските празници. Но, руската страна досега не одговара на овие иницијативи. Во исто време, се селуша дека американски државни претставници наскоро би можеле да ја посетат Украина.

Прекинот на огнот отвора простор за дипломатија и треба да му претходи на вистинското завршување на војната. Токму така🇺🇦 пристапува кон спротивставувањето на агресијата на рф. Санкцискиот притисок е неопходен инструмент за принудување на рф кон мир, и затоа треба да се задржи. pic.twitter.com/5KPLISy54f

— Larysa Dir (@dir_larysa) April 9, 2026

Размена на тела – сурова реалност на војната

Во еден од најтешките потсетници за човечката цена на конфликтот, рускиот агресор ѝ предаде на Украина 1.000 тела на загинати украински војници. Овие размени се меѓу ретките канали на комуникација што сè уште функционираат меѓу двете страни.

Џ. Дерала

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ