Излезноста на референдумот во Дојран до 15 часот е 26,9%. Акредитираните набљудувачи на ЦИВИЛ ги посетија сите избирачки места и не регистрираа нерегуларности, освен помали технички недостатоци. Информациите редовно се споделуваат на Фејсбук профилите на ЦИВИЛ и Слободни избори.
Жешкото време и големата посетеност од туристи во Дојран, но и кампањата против референдумот, се причини за нискиот одѕив. Се очекува дека во последните часови, сепак, бројот на гласачи ќе се зголеми.
Граѓанките и граѓаните на Дојран денеска се изјаснуваат на референдумското прашање за или против изградба на рудникот Казандол. Право на изјаснување на Референдумот во Дојран имаат вкупно 2.747 жители.
Тимот на ЦИВИЛ е на располагање за јавноста во текот на целиот ден. Граѓанките и граѓаните можат да пријавуваат нерегуларности и на телефонските броеви: 078 746 138 и 075 389 698, а на располагање е и веб страницата Слободни избори.