Фотографии од расфрлани глави од животни, внатрешни органи и коски, помешани со тони ѓубре и градежен шут, објави тетовската невладина организација „Еко Герила“, на својата Фејсбук страница.
„Иако Владата на Република Македонија ѝ додели на Општина Тетово помош од 197.000 евра за чистење на дивата депонија, таа продолжува да расте, гнои и заразува повеќе граѓани, од ден на ден“, додаваат од „Еко Герила“.
„Преку инсекти и птици, може да се пренесуваат болести и инфекции од депонијата – право во вашите домови. Сето тоа е благодарение на властите, бидејќи веќе долго време не можат да најдат решение за овој проблем“, напиша Арианит Џафери од „Еко Герила“, на својот Фејсбук профил.
Неодамна „Еко Герила“ објави и фотографија со „легенда“: „Добродојдовте во Тетово… Најдобра понуда: Кардио и Канцер центар! Бонус: Културно лето“.
Д. М.