• Latest

„Еластичното“ судство го минира оптимизмот за враќање на правната држава!

July 24, 2017
Андриј Сибига (Фото: УКРИНФОРМ)

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026
Ground robotic systems

„Армија на роботи“: Украина ја забрзува роботизацијата на бојното поле

September 27, 2026

„12:05“, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: Триаголен судир

September 27, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Македонија или ЕУ

September 27, 2026

Кога ВИ-агентот ја бара заобиколната врата: Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 26, 2026

Нема добар ПР за лоша политика

September 26, 2026
Олександар Левченко

Руската флота во сенка ги заобиколува санкциите преку Ламанш

September 26, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи: МВР соопшти дека ИНТЕРПОЛ не бил вклучен, причината за полициското постапување останува необјавена

September 26, 2026
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Еластичното“ судство го минира оптимизмот за враќање на правната држава!

July 24, 2017 17:04
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ниту едно од обвиненијата на Специјалното јавно обвинителство сѐ уште не е правосилно, зашто жалбените рокови ја одложија оценката на судиите. Седумнаесетте обвиненија кои СЈО пред речиси еден месец ги поднесе против 94 лица, сѐ уште не се правосилни, обвинителните акти не се оценети, ниту пак, за нив има закажан датум за старт на судски процес. Постапката за правосилност на обвиненијата поднесени од СЈО, не е завршена, бидејќи течат роковите за жалби за мерките за обезбедување на присуство, кои обвинителите од СЈО ги бараат за обвинетите.

35 јавни седници досега се одржани во Апелацискиот суд Скопје, откако одлуките на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 ги обжалија и Специјалното јавно обвинителство и одбраната. Откако ќе завршат сите жалбените постапки, судиите кои веќе беа назначени да одлучуваат за оценка на обвиненијата, ќе постапуваат, по што, доколку обвиненијата бидат позитивно оценети, ќе биде закажан и датум за старт на судење за кој јавноста ќе биде известена.

На 29 јуни, Специјалното јавно обвинителство поднесе 17 обвиненија за 18 предмети, во кои осомничени се 94 лица. Специјалните обвинители побараа притвор за 18 лица, меѓу кои и за првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески…, а за останатите побарани беа мерки на претпазливост.

Денеска во Апелацискиот суд беа одржани последните три закажани седници за жалбите на одлуките на Кривичниот совет. Апелацискиот суд има рок од 48 часа да донесе одлука за случајот „Тендери“, а Врховен има 48 часа да одлучи за жалбите поденсени за трите претходно определените притвори.

Но, наместо притвор, првостепениот суд и го одзеде пасошот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска која е обвинета за злоупотреба на службената положба во овој случај. Таа се жали и на таквата определените мерки. СЈО пак, смета дека треба да се определи притвор, со цел – непречено водење на постапката.  Одбрана тврди дека СЈО не укажало на ниту една изменета околност откако првостепениот суд одлучувал и се определи за за одземање на патната исправа. Адвокатот Сашо Дуковски, дури рекол: „Замислете, министерка без пасош“!

Канческа-Милевска е обвинета во случајот „Тендери“, поврзан со местење тендери за изведување градежни работи во Музејот на ВМРО, кој е дел од проектот „Скопје 2014“. Според тоа што го презентираше СЈО, со малверзациите државната каса била оштетена за повеќе од 50 милиони денари. Покрај поранешната министерка, обвинети се уште две лица, за едното, исто така, се бара притвор,  а за другото – мерки на претпазливост.

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 ги одби сите барања на СЈО за определување на притвор и определи мерки на претпазливост за обвинетите, односно им ги одзеде патните исправи и ги задолжи редовно да се јавуваат во судот. На одлуките се жалеа и обвинетите кои си ги бараа пасошите назад и СЈО од каде останаа на барањето за определување на притвор. Апелацискиот суд преиначи само три решенија на првостепениот суд и одлучи да определи мерка притвор од 30 дена за Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски. Најдоцна до среда ќе се знае дали Грујевски, Јакимовски и Бошковски ќе отидат во притвор, бидејќи рокот од 48 часа почна да тече денеска.

Според Законот за кривична постапка (ЗКП), можноста за жалба до повисок суд не го одложува извршувањето во притворот, освен ако не е определено поинаку надвор од ЗКП. Меѓутоа, во решението што го донесе Советот во скопска апелација, пишува дека „мерката притвор мора да се изврши веднаш по правосилноста на решението“.

Грујевски, Јакимовски и Бошковски се обвинети во предметите „Таргет“ и „Тврдина“ кои се однесуваат на прислушкувањето телефонски броеви преку системите на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) без судска наредба, односно на уништувањето на опремата со која се правело тоа. Грујевски беше началник на Петтата управа, Јакимовски шеф на кабинетот на ексдиректорот Сашо Мијалков, а Бошковски беше вработен во УБК.

 

Tags: Апелационен судКривичен СудНикола Груевскиобвинениа за притворСашо МијалковСЈО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ