ЦИВИЛ одржа јавен настан на тема „На чија услуга е балансерот“.
На панелот се отворија прашања во однос на балансерот при вработување на административни службеници, а во контекст на процентуалната застапеност на етничките заедници во земјава, (зло)употребата на алатката, и можни решенија како што е понатамошното функционирање, но со поинаква регулација, или отстранување на истата.
-Советот е мултиетнички. Чаир е една од најмултиетничките општини. Живееме добро, немаме проблеми. Имаме и етнички, родов, социјален баланс во општината. Можам да кажам дека Чаир е една општина каде не се злоупотребува балансерот и токму Општина Чаир треба да се земе како пример за тоа како балансерот треба да функционира, Јетмир Асани, претседател на совет на Општина Чаир.
-Но морам да кажам дека тие коишто го направиле балансерот оставиле дупки за да може да се злоупотребува, додаде Асани.