• Latest

Кадриу: Функцијата уставен судија носи голема одговорност

January 11, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кадриу: Функцијата уставен судија носи голема одговорност

January 11, 2018 14:35
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Новоизбраниот судија во Уставниот суд Осман Кадриу денеска по неговиот избор во Собранието на Република Македонија изјави дека покрај привилегиите што ги има оваа функција, таа носи и голема одговорност.

–  Оваа функција е одговорна дотолку повеќе што и надлежностите на Уставниот суд се мошне значајни. Преку нив се остварува главниот интерес – интересот на општетството, на граѓаните. Да се штити правниот поредок, уставниот поредок на земјата, значи да се почитува Уставот на земјата, а да се почитува Уставот на земјата, значи да се сака земјата. Уставниот суд претставува стожер и чувар на уставниот поредок на земјата, истакна Кадриу.

Според него, донесениот Закон за јазици е во духот на Уставот и уставните норми затоа што прашањето за јазикот е уставна материја и се гарантира со Устав.

– Со Законот кој се носи само се предвидува техника, односно како да се оствари правото на албанскиот јазик да се применува како службен јазик во државата, рече Кадриу.

За Законот за СЈО за кој има поднесено повеќе иницјативи пред Уставниот суд, Кадриу рече дека одлука за ова ќе донесе Уставниот суд откако ќе бидат разгледани сите правни околности.

Дарко Костадиновски нагласи дека ќе ја извршува функцијата совесно, професионално и одговорно, а во однос на Законот за јазиците и Законот за СЈО рече дека ќе се изјасни кога ќе ги види законските решенија.

извор: МИА


Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.

Tags: МакедонијаОсман Кадриусудење
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ