• Latest

Како и зошто судијата-милионер е дел од антизападната кампања?

March 3, 2020
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

Венецијанската комисија го одложи усвојувањето на оценката на предлог- законот за правична застапеност во Северна Македонија

October 13, 2025

Косово, локални избори: Ниска излезност, втор круг во 17 општини – според Курти, во Митровица имало инженеринг и мешање во изборниот процес

October 13, 2025

АВМУ: Ноќеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за Локалните избори 2025

October 13, 2025
Војо Маневски

Граѓаните прашуваат ли нешто?

October 13, 2025
Скриншот од видео на Sky News Australia

Сите 20 живи заложници во Газа ослободени и предадени на ИДФ

October 13, 2025
Илустрација ВИ

Последна недела од кампањата за локални избори

October 13, 2025
Скриншот од видео на
The Free Press Journal

Најмалку 27 лица убиени во судирите меѓу Хамас и вооружени членови на клан во градот Газа

October 13, 2025
Скриншот од видео на АРТ

Десетици убиени во судирите меѓу Пакистан и Авганистан во најжестоките борби откако Талибанците се вратија на власт

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Како и зошто судијата-милионер е дел од антизападната кампања?

Уште „испаруваше“ онлајн коментарот против ЕУ од судијата-милионер, а познатата плејада медиуми веднаш го објавија неговиот коментар и ги нападнаа алгоритмите на интернет просторот. Тоа се оние исти медиуми , за кои деновиве дознавме дека во 2018 година добиле милионски суми за кампања против македонските стратешки интереси и зачленувањето во НАТО.

March 3, 2020 18:16
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Милионерот Владимир Панчевски, до скоро претседател на Кривичниот суд, човек против кого има кривична пријава за влијание врз судски одлуки, експонент на Сваровски судството во режимот на Груевски, се вклучи во црната антизападна кампања. Некој ќе каже дека тоа и не е некое посебно изненадување и дека овој лик од мрачните искуства со заробеното судство во Северна Македонија само реагира соодветно на неговиот Сваровски код.

Можеби со право некој ќе каже дека нема зошто да се троши „електронско мастило“ на онлајн коментарите на Панчевски против најновите супер оценки за македонските реформи во пресрет на можната одлука да се започнат преговорите за членство на нашата земја во ЕУ. Веројатно, би имал право секој што ќе каже дека Владимир Панчевски е вчерашна приказна од македонското правосудство, особено по неговото разрешување во декември минатата година. Тој повеќе не е судија, а за истрагите околу неговите „подземни“ активности, да се надеваме, допрва ќе има вести.

Сето тоа би значело дека Панчевски е само уште еден „тврдокорен“ партиски трол кој „има што да каже“ на својот Фејсбук профил за најновиот охрабрувачки документ од Брисел. Веројатно, сето тоа би било точно, доколку не видиме што се случува со неговата објава на социјалните мрежи.

Да бидеме до крај коректни, па да пренесеме што Панчевски напиша ноќта на 2 март, неколку часа откако содржината на нацрт извештајот од Европската комисија беше обелоденет во јавноста:

„Европската Комисија истата онаа која треба да ги почитува и промовира европските вредности, на Унијата колевка на правдата и Европскиот суд за човекови права, со последниот извештај од 02.03.2020 промовира како успех неправосилно разрешување на судии, за кои сѐ уште трае жалбената постапка!

Оние постапки за разрешување кои во основниот извештај за 2019 ЕК ги цитира дека постапките против судиите од нив се сфатени како притисок, сега наеднаш за ЕК станаа успех. Што можеме да очекуваме од вакви вредности? Дали Европската Комисија со ова апелира неправосилните постапки да станат правосилни??? Каде е правото тука??? Што на ова би кажал Судот за човекови права на истата таа Европа???

Ова е лицемерието на дипломатите на ЕК во Македонија, за нив само извештај за Македонија и народот индикатор дека не им е до почитување на право и закон единствено работат Зоран Заев да опстане и остане на власт!“

Колегиумот, на шега, коментираше дека овој Зоран Заев мора да е невидено моќен, кога успеал цела Европска Унија да ја привлече да работи за него, за тој да остане на власт. Сепак, малку посериозниот поглед на оваа онлајн небулоза од Панчевски, ќе открие и некои други димензии. Не е потребен голем труд за да се види дека овој негов коментар на социјалните мрежи се третира како материјал за засилување на антизападната кампања што ја водат одредени политичари и политички структури и партии во екот на недекларираниот предизборен двобој во земјата.

Уште „испаруваше“ онлајн коментарот на судијата-милионер, а познатата плејада медиуми веднаш го објавија неговиот коментар и ги нападнаа алгоритмите на интернет просторот. Тоа се оние исти медиуми , за кои деновиве дознавме дека во 2018 година добиле милионски суми за кампања против македонските стратешки интереси и зачленувањето во НАТО. Тоа го дознавме, а уште колку има за дознавање, допрва ќе видиме.

Така, од една сосема очекувана реакција на „кутриот“ милионер, доаѓаме до логичниот заклучок дека овие ставови се граѓа на кампањата против зачленувањето на Северна Македонија во евроатлантските структури и сојузи, во случајов, во Европска Унија.

Имајќи предвид дека кампањата на опозицијата сѐ поотворено станува ултранационалистичка и антизападна, можеме со леснотија да утврдиме дека овој коментар не е ни оддалеку осамено мислење и спонтана антиевропска реакција на социјалните мрежи. Одот кон ЕУ значи владеење на правото и крај за неказнивоста. Па нека се работи и за милионери меѓу судиите.

Оттаму, кампањата, освен националистичка, ќе биде и радикално антизападна. Сите знаеме од чиј театар се „позајмени“ костимите за таа претстава.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: Владимир ПанчевскиЕУЗоран ЗаевМедиумиНАТОправдапропагандареформи
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ