• Latest

Каква влада ќе спроведе нови избори, ако нема договор за политичка влада?

January 26, 2017

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Каква влада ќе спроведе нови избори, ако нема договор за политичка влада?

January 26, 2017 17:35
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Политичкиот аналитичар д-р Сашо Орданоски, на денешната панел-дискусија на тема „Македонија: Правно и политичко лимбо“, во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, постави прашање: Која влада ќе ги спроведе новите избори, ако не се договори избор на политичка влада во текот на актуелните преговори? 

Професор д-р Осман Кадриу: „Оваа Влада – не! Тоа мора да биде експертска, коалициона или техничка влада. Иако јас не сум многу задоволен од досегашната форма на техничка влада, со заменици-министри, дополнителни заменици и постојано поднесување на тужби против тужби. Судовите ни се полни со пријави. Нема ефикасност, нема работење, само тужби без резултати.  Мора да се води сметка за тоа каква ќе биде таа влада“.

Професор д-р Светомир Шкариќ: „Таа влада ќе мора да се договори со  ‘Пржино 3’. Има време за тоа, прво, треба да видеме што ќе одлучи претседателот на државата, доколку актуелниот мандатар не успее да состави влада“.

Политичкиот аналитичар Сотир Костов: „Според мене, никако не треба да повторно да има ‘Пржино 3’. Имаме парламент кој е легално избран, и ќе се направи напор да се договорат за претседател на Собрание, ако треба, и професорот Шкариќ, може да биде. И тоа Собрание ќе одлучи дали ќе биде експертска, техничка, концентрациона влада… Не сметам дека треба да има локални и парламентарни избори заедно. Јас сум оптимист, и верувам дека Али Ахмети ќе направи влада, или со Груевски, или со Заев. СДСМ може да направи стабилно мнозинство заедно со другите партии, но не знам што Заев би можел да понуди повеќе од Груевски, а тоа да не е надвор од Уставот. Се согласувам со Кадриу, бласфемија е тоа што се случува со кривичните пријави. Но, тоа Заев го започна, тој ‘штанца’ пријави и очекувам еден дена и против себе да си поднесе пријава“.

Марија Теговска

Tags: влададискусијаизбориМакедонијаОсман КадриуСашо ОрданоскиСветомир ШкариќСотир КостовЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ