• Latest

Каменос: Нема да гласаме за договор што ќе го содржи терминот Македонија

June 12, 2018
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Каменос: Нема да гласаме за договор што ќе го содржи терминот Македонија

June 12, 2018 14:27
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Коалицискиот партнер во грчката влада, министер за одбрана на Грција и претседател на Независни Грци, Панос Каменос останува на неговиот став дека нема да поддржи договор што ќе содржи име со терминот Македонија и смета дека потребна е лидерска средба под покровителство на претседателот на државата за да се промени одлуката донесена во 1992, според која името треба да биде без терминот Македонија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Панос Каменос непроменетата позиција ја повтори на денешната прес-конференција, на која рече дека партијата има јасен, познат и цврст став, но изрази и резервираност дали договорот би поминал кај нас.

– Не се согласуваме и нема да гласаме за ниеден договор што ќе го вклучува терминот Македонија. Ова е одлука што излезе со формирањето на движењето, рече Каменос и објасни дека е во континуирана комуникација како со Ципрас, така и со Коѕијас, а од она што вчера го слушнал од шефот на грчката дипломатија, лидерот на Независни Грци рече дека од условите во договорот смета дека „во никој случај овој договор нема да биде прифатен или на референдум или од мнозинството во собранието на Скопје“.

Во однос на условите во договорот, Каменос, без да открие детали, коментираше дека се доста силни и дека доколку не беше вклучено името Македонија, тие како партија немаше да се обврзат да гласаат против.

– Гледам услови кои се доста силни во однос на тоа што се однесува на словенското потекло, на словенскиот јазик, на расчистувањето на историјата на Македонија, на Александар Велики, на Филип итн. Такви услови што Грција ги вклучи во нејзиниот предлог, до сега немам видено, рече Каменос.

Коалицискиот партнер во грчката Влада ја објасни и процедурата што ќе следи по потпишувањето на договорот и рече дека тоа може да биде процес што ќе трае и една години, а на гласање во парламентот да дојде по изборите во Грција.

– Процесот што ќе следи и ова е официјално, тоа е владина позиција, е по веројатноста договорот да биде прифатен од Заев, јас сѐ уште сум резервиран, бидејќи ги знам условите сметам дека е договор што не може лесно да биде прифатен од претседателот на поранешната југословенска Република. Во случај да биде прифатен, овој договор, ќе се потпише, но нема да стапи во сила сѐ додека не добие мнозинство во собранието на Скопје, сѐ додека не се одржи референдум, да биде договорот одберен од народот на ПЈРМ, да дојде повторно во собранието на Скопје со двотретинско мнозинство и ако се ова се заврши, тогаш ќе дојде за ратификација во грчкиот парламент. Или ќе се следи друг процес што ќе се одлучи тогаш. Нашата позиција е дека, ако се направи сѐ ова, ќе треба да се свика лидерска средба под претседателот, за да се смени одлуката од 1992, рече Каменос.

Лидерот на Независни Грци, на денешната прес конференција која беше свикана, не поради договорот за името, туку за да го соопшти новиот портпарол на партијата,  рече дека кога договорот ќе дојде на гласање на пратениците ќе им наметне „партиска послушност“, односно да ја следат линијата на партијата.

– Во парламентот, партиите ќе заземат став и нашата позиција ќе биде негативна, а за прв пат ќе поставам прашање за партиска послушност. Тој што ќе има различна позиција ќе биде избришан и нема да биде кандидат на следните избори.  Оној што размислува да промени став, сега да си замине од партијата, рече Каменос.

(МИА)

Tags: ГрцијаДоговорЗоран ЗаевМакедонијаНезависни ГрциПреговориспор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ