• Latest

Каракачанов се самопрогласи за премиер и продолжи со својот вулгарен популизам

November 29, 2020
Андриј Сибига (Фото: УКРИНФОРМ)

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026
Ground robotic systems

„Армија на роботи“: Украина ја забрзува роботизацијата на бојното поле

September 27, 2026

„12:05“, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: Триаголен судир

September 27, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Македонија или ЕУ

September 27, 2026

Кога ВИ-агентот ја бара заобиколната врата: Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 26, 2026

Нема добар ПР за лоша политика

September 26, 2026
Олександар Левченко

Руската флота во сенка ги заобиколува санкциите преку Ламанш

September 26, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи: МВР соопшти дека ИНТЕРПОЛ не бил вклучен, причината за полициското постапување останува необјавена

September 26, 2026
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Каракачанов се самопрогласи за премиер и продолжи со својот вулгарен популизам

November 29, 2020 08:15
in КОМПАС, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА

Каракачанов, во уште една крајно неодмерена изјава за бугарските медиуми, намерно или не, ја откри својата амбиција да биде премиер на Бугарија. Тој, во својата изјава го нарече македонскиот премиер Зоран Заев свој колега! Убаво е човек да има амбиции, но да се прогласи за премиер при постоечки, Бојко Борисов, тоа веќе излегува од границите на добриот вкус и пристојната јавна комуникација.

За жал, тоа не е крај на оваа крајно неумесна изјава на бугарскиот вицепремиер. Типично за најпримитивните балкански кабадаии во политиката, тој употреби речник својствен на разуздано биртијашко друштво, собрано во некои ситни саати, кога сите манири се удавиле на дното на флашата. Каракачанов, во истата реченица, го нарече својот „колега“ Бугарин, во контекст на изреката дека „ак’лот“ (паметот, на турски) на неговите сонародници им доаѓал наредниот ден. Употребата на самата изрека е неумесна, без оглед на темата или целта, бидејќи се работи за анахрона и шовинистичка, секако и вулгарна изрека, која не му прилега на еден висок државен претставник.

И со оваа, како и со многуте претходни изјави, Каракачанов само ја запечатува повампирената политика на негаторство и хегемонистички позиции што ги негуваат дел од бугарските политичари, што наиде на едногласна осуда од сите држави членки на ЕУ и пошироко. Тој продолжува да ја држи тврдата негаторска линија која е во спротивност со сите можни принципи и стандарди во меѓународната политика и право. Тој единствено останува доследен на својата вулгарна, простачка и популистичка комуникација во јавноста која никому не му носи добро, а најмалку на бугарската меѓународна положба.

Веројатно, Каракачанов не знае или не сака да знае дека луѓе на високи општествени, политички и дипломатски позиции низ Европа, но и во неговата сопствена земја, ова однесување го нарекуваат апсурдно, во најблага смисла на зборот. Со неоснованата негаторска кампања, кое во целост се отсликува и во најновата изјава, Каракачанов го поткопува не само македонско-бугарското пријателство, туку и односите на Бугарија со останатиот прогресивен и демократски свет. Голем дел од бугарските интелектуалци, новинари, уметници, како и политичари, отворено и недвосмислено го осудуваат овој атак на македонската самобитност.

Нападот е бесмислен и злонамерен, со единствена употребна вредност да се подгреат националистичките чувства кај дел од бугарските гласачи пред изборите во земјата напролет. Воедно, се игра и на картата дека Бугарија е жртва на говорот на омразата од македонска страна и дека трпи „неправедни“ осуди за фашистичкото минато на бугарската држава. Со тоа се прави обид да се предизвика и чувството на навреденост кај бугарските гласачи. Така, ако подгревањето на националистичките и хегемонистичките тенденции не успее, останува да се предизвика чувството на навреденост и горчина.

Бугарските граѓани немаат никаква корист од антимакедонскиот популизам на дел од нивните политичари меѓу кои е и вицепремиерот Каракачанов. Напротив, можат да имаат само штета и тоа голема. И во светот, но и на Балканите, луѓето ја препознаваат и сé повеќе ги вреднуваат мудрите и одмерени постапки и однесување на политичките лидери.

Да не заборавиме, тактизирањето не му оди во прилог на Борисов. Ако сака да го задржи својот политички потенцијал во пресрет на изборите, тој мора да ги земе работите во свои раце и да му се спротивстави на својот вицепремиер кој, ете, почна и да се претставува како колега на премиерот Заев. И неговата неодлучност и ак’лот на Каракачанов не се атрактивни предизборни стратегии. Накратко, лоши им се тие предизборни математики.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Tags: БугаријаизбориКаракачановнационализампопулизам
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ