ЦИВИЛ Центар за слобода денеска напладне, на плоштадот во центарот на Прилеп одржа прес конференција на која што го промовираше најновиот проект Караван на слободата, поддржан од УСАИД.
[youtube width=”600″ height=”344″]https://www.youtube.com/watch?v=Meb-Vy58hmQ[/youtube]
Пред претставниците на медиумите, граѓански активисти, актери и музичари на локално ниво беа акцентирани целите на проектот:поттикнување на граѓанската свет за учество во процесите на одлучување на локално и национално ниво. Низ мултимедијални настани што ќе се одржат во наредните 3 месеци освен во Прилеп уште во 29 други општини во државата, низ делото на уметниците и културните дејци ќе се поттикнува и јакне процесот на заштита на човековите права и слободи.