Албанската опозиција излезе на протести пред владата во Тирана, против политиките на премиерот Еди Рама. Стотици граѓани излегоа на улиците незадоволни од владините политики. Со себе носат транспаренти и карикатури од владините функционери во затворска облека.
Тие протестираат поради сиромаштијата, економската криза, проблемите во правосудството, но и фактот дека Албанија во последните месеци е во центарот на вниманието поради големото производство на марихуана.
Протестите ги предводат демократите, кои тврдат дека Албанија се претворила во земја на дрогата, на украдените избори и илегалниот парламент.
Освен демократите, протестот го поддржуваат и ЛСИ – Социјалистичко движење за интеграција.
Полицијата е распоредена во центарот на главниот град на Албанија.
Д.М.