• Latest

Касами: Тирана беше парада која се користи како алиби!

March 24, 2017

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
Фото: На 7 мај, Јодл потпиша безусловен „Акт за воено предавање“, Wikipedia

Историски факти: Кога е Денот на победата над фашизмот

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Касами: Тирана беше парада која се користи како алиби!

March 24, 2017 09:59
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Интервју со Биљал Касами, претседател на Движењето Беса.

 

ЦИВИЛ Медиа: Како ја оценувате моменталната ситуација во земјава? Дали има излез од кризата и кои се вашите предлози за тоа?

КАСАМИ: Вистина е дека Македонија се наоѓа во тешка ситуација, во која сите државни институции се паднати, каде претседателот на државата, наместо да ја игра улогата што му ја одредиле граѓаните, покажува не само политичка пристрасност, туку се обидува да биде на страната на само една етничка заедница. Ова најмногу ја отежнува ситуацијата, затоа што, во овој момент, претседателот на државата е тој што треба да биде, да речеме, на страна на решавањето на проблемот, а не на страната на продлабочувањето на институционалната криза во која се наоѓа Македонија.

Вистина е дека меѓународниот фактор, со редовните посети на Македонија, се труди да придонесе за излез од кризата во која што се наоѓаме, меѓутоа, верувам дека сите политички партии, како и интелектуалните и политичките елити, се свесни дека помошта од меѓународниот фактор е само за да се олеснат овдешните процеси, но главната одговорност e врз нас и, ние треба да рефлектираме и да донесеме важни одлуки, храбри одлуки што ќе ги постават интересите на граѓаните и државата пред нашите лични и партиски интереси.

За жал, не размислуваат на овој начин сите политичари, земајќи ги предвид нивните клановски интереси, или за да се заштитат себеси, злоупотребувајќи ја позицијата со која се стекнале во последниве 10 години. Верувам дека со континуиран притисок од нашите пријатели од Европската унија и од САД, овие политички лидери ќе разберат дека ако ние, како држава, и граѓаните, не живееме добро, не им вреди ако тие живеат подобро. Затоа, што поскоро, да се реши кризата, што поскоро да се донесат одлуки кои се во корист на граѓаните. Верувам дека ова ќе биде најдоброто нешто што може да го направи секој политичар, за иднината на граѓаните, за нашите деца и за државата.

ЦИВИЛ Медиа: Заедничката декларација на албанските партии стана повод претседателот Иванов да не го даде мандатот, оценувајќи ја како мешање на Албанија во внатрешните работи на Македонија. Постојат многу контрадикторни информации поврзани со оваа декларација. Дали е потпишана или не е, каде е потпишана, која беше улогата на Тирана во овој документ, како е создадена содржината, за што конкретно се договоривте со другите партии кои учествуваа? Ќе ни кажете ли, од прва рака, како учесник во oвој процес, која е вистината за овие дилеми?

КАСАМИ: Ние сме свесни дека зад сето ова, во што се наоѓа Македонија денес, е штитењето на неколку личности од одговорност. И, кога примарна цел е како де се спасиш себеси, секогаш ќе наоѓаш оправдувања, за да можеш да мобилизираш одредени сили, за да ја постигнеш целта што ја имаш.

Декларацијата на албанските партии – поточно, не сите парламентарни албански партии ја поддржаа и ја потпишаа оваа декларација – се однесува на етничките потреби, или на колективните барања на Албанците во Македонија, барања што се насобрани како перманентни барања за овие 25 години на транзицијата на системот, од оној монистички, во демократски. И, навистина, да се употреби како алиби една декларација, со многу легитимни барања што се во рамките на Уставот на Македонија (и промените што се бараат со процедури кои се предвидени со Уставот и со законите на Македонија) – навистина не е чесно. Да се бара да се протестира против правата на сограѓаните со кои живееме, со кои мислиме да живееме во иднина, навистина е нечесно од тие политичари, кои се обидуваат да ги злоупотребат граѓаните за да ги заштитат нивните криминали.

Декларацијата е усогласена и подготвена тука во Скопје и објавена од седиштата на политичките партии – поддржувачки на декларацијата, тука во Скопје, на 7-ми јануари. Тоа во Тирана беше само едно, да речеме, барање од неколку политички лидери тука, коишто, иако ги сметаме за виновни, за ситуацијата во која се наоѓа Македонија, обидувајќи се да се исперат од корупција и злоупотреба на позицијата, се трудеа да најдат начини за, условно речено, да иницираат активности во кои ќе се фотографираме заедно. Значи, претседателот на Беса и претседателите на овие партии, за потоа, да ја направат нивната пропаганда дека еве, и тие се исти како нас, и дека нема потреба да барате нови политички алтернативи.

И, ние јавно сме се изјасниле дека виновници за состојбата, во која се наоѓа Македонија, колку што се ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер, толку е и раководството на Демократската унија за интеграција. И, сé додека тие не принесат веродостојни аргументи дека се на страната на решавањето на проблемот, а не на страната на продлабочување на кризата, ние не сме подготвени да прифатиме каква било иницијатива од нивна страна, затоа што сметаме дека сè уште работат за заштита на криминалците и корумпираните.

Затоа, Декларацијата или парадата што се случи во Тирана, беше некакво барање од политичките елити на кои им требаше една фотографија со претседателот или со Движењето Беса, за потоа да ја злоупотребат. И, тоа се виде кога подоцна се искористи како алиби од претседателот на државата и од ВМРО–ДПМНЕ.

За да ја разјаснам ситуацијата: Движењето Беса не побара, да речеме, таква декларација, ниту побара да се оди во Тирана. Движењето Беса не ги објави фотографиите кои денес кружат и кои се сметаат како причина претседателот на државата да биде на страната на продлабочувањето на кризата.

Вие знаете дека, пред да се оди во Тирана, албанските политички партии имаа средба тука во Скопје, во „Александар Палас“. Од таа средба излезе една декларација за усогласување на ставовите. Потоа, и ние излеговме како Движење Беса со став, и кажавме: Секој став и секоја активност што ќе се преземе во интерес на барањата на Албанците на Македонија, ќе ја има поддршката на Движењето Беса, меѓутоа, не е потребно да се парадира на овој начин, не е потребно да се фотографираме, само за да ја измамиме јавноста. Но, се чини, ова му беше потребно некому и тоа се постигна, а денес го гледаме резултатот на еден таков ангажман, пред да се оцени содржината на декларацијата, чија содржина, ќе повторам, е со легитимни барања на Албанците во Македонија, за кои се бара остварување, врз основа на Уставот и според законите.

ЦИВИЛ Медиа: Покажувате со прст кон неколку елити, или една албанска политичка елита, која барала да се фотографирате во Тирана, затоа што не бевте сами таму?

КАСАМИ: Кон тие на кои најмногу им требаше една фотографија со Движењето Беса, како една нова политичка партија која навистина направи важни промени на политичката сцена на Албанците и им ја врати надежта на Албанците во Македонија дека е можно да постојат политички елити, за коишто влегувањето во политика не е пред сè за лични цели и интереси и за лично и семејно богатење, туку дека во нивен интерес се Албанците, интересот на граѓаните на Македонија…. На кои им требаше една таква фотографија, за потоа да можат да ја оправдаат нивната корумпираност. И, тука, јасно е кој бил на политичката сцена 10 години, кој владеел заедно со Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, знаеме кому му беше потребно такво легитимирање.

ЦИВИЛ Медиа: Според вас, дали декларацијата ги надминува уставните рамки?

КАСАМИ: Не, бидејќи оваа декларација, и уставните промени што ги бара за подобрување на колективните права на Албанците – ги бара врз основа на процедурите предвидени во Уставот на Македонија.

ЦИВИЛ Медиа: Од појавувањето на Движењето Беса на политичката сцена, политичките противници постојано ве напаѓаат и ве следат многу шпекулации, особено во врска со финансиските извори и со идеолошкиот профил. Кој стои зад  Движењето Беса? Турција, Катар или Сашо Мијалков ви испраќа пари преку овие земји? Кој е идеолошкиот профил на Беса во политичкиот спектар, како и врската на идеологијата на партијата со верските идеи?

КАСАМИ: Навистина, овие постојани шпекулации за Движењето Беса, на некој начин, се и една од причините зошто ние бевме принудени да прифатиме една таква посета на Тирана и, бевме принудени да  направиме една таква фотографија, што потоа ќе се искористи така како што се искористува. Нашата отсутност на една таква средба, по повик на премиерот на Албанија, само ќе ги зајакнеше овие обвиненија против нас, дека ете, Движењето Беса не е во интерес на албанското прашање во Македонија и има еден сомнителен „бекграунд“, што нема врска со албанштината.

Овие шпекулации, се чини, дека се добро координирани, затоа што, суштината им е многу јасна на оние кои ги изнесуваат… Да речеме, јасно им е дека суштината, причината за основањето на Движењето Беса почива на трите принципи, коишто ние ги изнесовме на политичката сцена, и тоа се трите букви „А“: автономни, автохтони и автентични. Поаѓајќи од овој принцип, постојано се трудат да го напаѓаат Движењето Беса, врз тоа што е, да речеме неговиот дух. И, се гордееме што сме единствениот политички субјект на Албанците во Македонија, кои не сме формирани како отцепување, како раздор од некој друг политички субјект, не сме формирани како огранок од некоја друга партија, како што за жал, се случува со партиите што се денес на политичката сцена, кои се со идеолошки „бекграунд“ на ЛПК (Движењето за Република Косово од 80-тите, н.з) или на другите движења кои не се оттука, од Македонија.

Затоа, во овие околности, тоа што ние сакаме да го потенцираме, е дека Движењето Беса се роди како потреба, како барање на Албанците на Македонија, се потпира на потенцијалот, на интелектуалните, но и на материјалните ресурси на Албанците на Македонија, и се интересира Албанците во Македонија да бидат еднакви, да ги имаат нивните права, индивидуални и колективни, да ги остваруваат во Македонија. Во една поразвиена и поправедна Македонија, во која правдата ќе владее за сите еднакво и, во една Македонија која ќе создаде благосостојба за сите граѓани, независно од етничката или верската припадност.

Движењето Беса на ниеден начин не се потпира, или, не се обидува да ги инструментализира верските чувства на своите гласачи, затоа што сметаме дека тоа е индивидуално право на секој граѓанин на Македонија. Ние го почитуваме како такво, меѓутоа, и во овој правец, го кажуваме ова постојано, во ниеден момент нема да ги злоупотребиме верските чувства на гласачите, за да добиеме глас повеќе, што за жал, се случуваше во минатото. Затоа што знаеме дека има политички лидери што и ден-денес ги злоупотребуваат верските институции, за да ги поддржат нивните политики. Ние знаеме дека политички лидери, и во албанскиот, и во македонскиот кампус, во најголем случај пред избори, злоупотребувале и се изразувале со верски речник, со идеолошки речник, само кога сметале дека нивните гласачи се од таков „бекграунд“, кога оцениле дека ова ќе се рефлектира во однос на зголемувањето на нивните гласови.

Ние ова го кажавме уште на почетокот, дека во ниеден миг нема да ги злоупотребиме верските чувства на нашите гласачи. На кројот на краиштата, потребите и барањата на Албанците се етнички барања, за права што се од етнички план. Денес гледаме дека на улиците на Македонија се протестира за едно право и едно барање што се однесува на албанскиот јазик, за легализирањето на албанскиот јазик во Македонија, да биде еднаков, и секој Албанец, каде и да живее во Македонија, да ја има можноста да го употребува албанскиот јазик и, ова не е верско барање, туку е етничко барање.

Затоа, сметам дека ова е шпекулација која се поврзува со сè што опонентите се трудат да му го припишат на Движењето Беса, во неможност да се има нешто конкретно за нашите членови, дека се корумпирани, дека се вмешани во криминални дела, дека се сомнителни од морален, етички и друг аспект. Се трудат да нé нападнат со неколку прашања, коишто се навистина апстрактни и тешко е да се докажат, затоа се трудат да го искористат ова за да не напаѓаат постојано.

Секако, ние сме свесни дека идејата е многу едноставна: се трудат да создадат идеја кај Албанците во Македонија дека е подобро овие политички елити што се денес на власт, да продолжат да бидат на власт, иако на сите Албанци им е јасно дека тие се корумпирани, криминалци, со сомнителен етички и морален „бекграунд“… Подобро да се тие, отколку да дојде една политичка партија што не е со албански „бекграунд“. Но, Албанците од Македонија на изборите на 11-ти декември им порачаа дека Движењето Беса е и ќе биде нивната надеж и дека тие ќе продолжат да го поддржуваат, и со гласови, но и со финансиска и со други поддршки, што му се потребни на еден политички субјект.

ЦИВИЛ Медиа: Финансирањето на политичките партии е прашање што постојано создава сомнежи во јавноста, затоа што, голем дел од партиите немаат транспарентно финансирање и не се знае точно од каде доаѓаат средствата за медиумските кампањи, величествените собири… Вие го предадовте вашиот финансиски извештај за изборите кај надлежните органи и во него се прикажува дека од донации сте собрале над 6 милиони денари, а сте потрошиле два и пол милиони денари повеќе? Од каде ќе го покриете „минусот“?

КАСАМИ: Ќе го покриеме така, како што го покривме другиот дел, контактирајќи со локални бизнисмени, со иселеници, затоа што имаме многу добра поддршка и од албанската дијаспора во сите земји на Европската унија, имаме редовен контакт и со нив, и со локалните бизнисмени. Но, тоа што е од голема важност, е дека нашите односи со овие донатори беа многу искрени, и во ниеден момент, ниту имаме можност да ги уценуваме, да ги принудиме да нé поддржат, туку беше една поддршка што навистина се потпира на тоа дека на сцената треба да дојдат нови политички сили, политичари што ќе бидат во служба на граѓаните, во служба на бизнисот.

Затоа, сметаме дека Движењето Беса беше најтранспарентната партија и што се однесува до финансирањето на изборната кампања. И покрај фактот што ние го знаеме, дека ДУИ направи една кампања десет пати поскапа од Движењето Беса, ако ги анализирате и споредите финансиските извештаи, ќе видите дека нашиот финансиски извештај е многу близок, што се однесува до целината на потрошените финансии за кампања, во споредба со тој од ДУИ. Кога ова ќе се спореди со реалноста, каква кампања направи ДУИ и каква кампања направи Движењето Беса, граѓаните гледаат која партија е транспарентна, а која не е.

Од друга страна, вие сте сведоци дека постојат отворени постапки за политичките партии за финансирање на  изборни кампањи. Деновиве имавме отворена постапка и за една опозициска партија за финансирањето на изборната кампања, а такво нешто за Движењето Беса – нема, иако немаме никаква релација со власта за да можеме да влијаеме. Значи, постојано се укажува дека тоа е само во сферата на шпекулации, и дека нема ниту најмал аргумент дека Движењето Беса има сомнителни финансии, затоа што, ако имаше нешто такво, ние денес ќе бевме повикани на одговорност или компетентните органи ќе бараа отчет од нас, ќе имаше отворени процеси против  Движењето Беса за финансирање на кампањата, но и за секојдневните политички активности.

ЦИВИЛ Медиа: Македонија деновиве повторно се соочува со масовни протести, со остра и конфронтирачка националистичка реторика. Дури, се појавуваат луѓе што претеднираат дека се дел од паравоени структури. Што имате да кажете во врска со овие информации, со ваквите пораки, за барањата на демонстрантите и на ВМРО-ДПМНЕ за повлекување од таканаречената Тиранска платформа?

КАСАМИ: Сите граѓани на Македонија, посебно од македонска етничка припадност, треба да сфатат дека треба да живеат заедно со Албанците. Фрустрациите што ги имаат со соседите во однос на нивниот идентитет, како верски, така и етнички и јазичен, не смее да  продолжат да се пренесуваат на полето на конфронтација со албанскиот етникум, затоа што треба да знаат дека Албанците се нивни сограѓани и треба да се потпрат на поддршката од Албанците, како што било постојано.

Не е добра логиката – кога некој посилен од тебе те напаѓа и ти не си во можност да му возвратиш, да напаѓаш некого за кого сметаш дека е послаб од тебе – затоа што на тој начин, не го решаваш проблемот. Со тоа што Македонците, за проблемите што ги имаат, од оспорувањето на нивната црква, јазикот или идентитетот од соседите, постојано ги напаѓаат Албанците, само затоа што  Албанците ги бараат тие права што ги бараат и Македонците, значи права што им припаѓаат и ним.

Затоа, сметам дека политичките елити, но и интелектуалните, еднаш-засекогаш, треба да разберат дека треба да го променат политичкиот менталитет, дека со Албанците треба да ја споделуваат оваа држава, дека со Албанците треба да живеат еднакво во оваа држава и дека само така можат да ја гарантираат и нивната иднина, и етничка но и на заедничката држава, на Македонија.

ЦИВИЛ Медиа: Во вашата канцеларија гледам дека има неколку знамиња.  Националното знаме, знамето што ја претставува партијата, Движењето Беса, знамето на ЕУ, и знамето на САД. Меѓутоа, не го гледам знамето на Македонија, државата во која вие делувате како политичка партија, или како политички фактор….?

КАСАМИ: Да, едноставно, ова е и прашањето, што ние како политичка партија сме го поставиле. За да живееш во една држава и за да ја чувствуваш таа држава како заедничка, треба да решаваш за иднината на таа држава. Треба да решаваш за идентитетот на таа држава. Не може на албанската заедница, во овој број, или со оваа демографска тежина, сега и со два универзитета, и со ова ниво на интелектуална свесност, да ѝ се наметнуваат решенија, употребувајќи го диктатот на мнозинството. Затоа, сметам дека и во овој правец, Македонците треба да сфатат дека со Албанците треба да изградат една заедничка држава.

Ние знаеме дека порано Македонија имаше едно друго знаме и, заради наметнувањето од други држави, го смени тоа знаме, и требаше да имаме ново знаме. И, за жал, во тие мигови, не се искористи моментот, за новото знаме да биде прифатено и од Албанците, само затоа што тие се обидуваат државата да ја градат како држава на Македонците, оддалечувајќи ги сите други.  Јас верувам дека, доколку имаше една потранспарентна постапка на креирање на новото знаме на Македонија, во околности во кои ќе се консултираа и Албанците, денес Албанците ќе се чувствуваа многу поспокојно да го употребуваат ова знаме.

Во овој дух е и барањето на Движењето Беса, Албанците да бидат активен дел од градењето на идентитетот на државата на Македонија и, само тогаш, тие ќе го имаат чувството на државност или припадност во оваа држава, затоа што, како и со знамето, ние не можеме да чувствуваме еднакви кога се пее химната на Македонија, која им се обраќа ексклузивно, само на Македонците. Во таа химна, во ниту еден дел не се споменуваат другите етнички заедници, не се спомнуваат Албанците, Турците, Ромите или другите етнички заедници. Затоа, ценам дека  секое редефинирање во правец на инклузивноста и на другите заедници, ќе биде редефинирање што ќе го подобри животот на сите граѓани на оваа земја, а секој граѓанин на земјава, независно од етничката и верската припадност, да ја чувствува Македонија како своја држава. И ќе биде спокоен дека ќе биде претставуван со симболите на таа држава, што ќе ги чувствува и како свои.

ЦИВИЛ Медиа: Очекувате ли да се формира новата влада наскоро? Каква улога ќе има Движењето Беса во оваа влада, дали донесовте конечно решение за директно влегување во извршната власт?

КАСАМИ: Веруваме дека политичките елити ќе рефлектираат и дека конечно ќе разберат дека ова патешествие не е ниту нивен интерес, а ниту партиски. Во овој правец, се надевам и на поголема поддршка од меѓународната заедница, за да им помогнеме на политичките елити да  донесат една таква одлука.

Движењето Беса постојано, и пред и по 11-ти декември, беше најконструктивниот политички субјект, во однос на решавањето за излез од  длабоката криза во која се наоѓа Македонија. Ние кажавме уште на почетокот, веднаш по изборите, дека на ниеден начин нема да разговараме за никаква  владејачка комбинаторика со ВМРО–ДПМНЕ, сè додека овој политички субјект не се исчисти од криминалите и од сите случаи, со кои се товари и коишто се отворени од Специјалното јавно обвинителство. Исто така, објаснивме дека ние немаме ништо против партијата како политички субјект, но, сè додека нејзините елити, раководството, не се исчистат од сите овие сомнежи, засновани на објавените прислушувања, ние не сме подготвени да разговараме за ниту една владејачка комбинаторика, за каква и да е понуда од нивна страна.

Подоцна, кога се виде дека претседателот на државата не е подготвен да ѝ го даде мандатот на втората партија и да се продолжи процесот, Движењето Беса беше тоа што ги понуди петте потписи, петте освоени пратенички мандати, без ниеден услов, без барање и без калкулирања за тоа кој ќе биде делот на Движењето Беса во идната влада. И понатаму, ние како Движење Беса, продолжуваме да придонесуваме за излезот од криза на нашата држава, без да го пресметуваме чистиот партиски интерес и базирајќи се на интересот на сите граѓани на земјава .

Во овој правец, ние сме подготвени да придонесуваме во една идна реформаторска влада, но само тогаш кога ќе имаме гаранции дека оваа влада како приоритет ќе има суштински реформи на системот што го имаме сега, систем киднапиран од партија, или крајно партизиран, со киднапирани институции од партијата и од неколку кланови внатре во партијата. Само тогаш, кога ќе бидеме убедени дека една партија или една владејачка програма е спремна за вакви реформи, ние ќе бидеме спремни да придонесеме во една таква влада. Во ниеден миг не сме подготвени да калкулираме за позиција во една влада во која само ќе се сменат личностите што управуваат со неа, а ќе продолжи по стариот терк.

ЦИВИЛ Медиа: Дали мислите дека ДУИ се подготвени за суштински промени во нивната партија, за да може да се направат промени?

КАСАМИ: Нашите сомнежи – базирани на нивното минато околу подготвеноста за такви реформи – создаваат таква ситуација, во која ние сé уште не сме подготвени да седнеме и да разговараме со нив за варијантите за излез од кризата. И, ова го оценуваме како одговорност на идниот мандатар, кој треба да создаде такви механизми, со коишто и ДУИ, ако биде дел од реформаторската влада, да биде во духот на потребните реформи за Македонија. Досега, во консултациите, има надеж дека ДУИ може да рефлектира, не толку поради нивната волја, но базирајќи се и на одговорот што го добија на 11 декември, на преполовувањето на мандатите, но и на гласовите.

Затоа, очекуваме ова да биде еден процес. Ако се формира една таква влада, во која ќе биде и ДУИ, ние во ниеден момент не сме подготвени априори да прифатиме дека тие се реформирани, но, Движењето Беса ќе биде тоа што, доколку има една таква влада, ќе биде најсилниот глас за реформирање на државниот систем во Македонија, за државата да биде во интерес на граѓаните, а не на политичките елити.

 

Новинарка: Дијана Тахири

Камера: Дехран Муратов и Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Александар Палас“3 АБесаВМРО-ДПМНЕДекларацијаДУИЕУЛПКСАДТирана
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ