• Latest

Ќе се јави ли надежта на каса во 2022?

January 15, 2022
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ЦИТАТИ

Ќе се јави ли надежта на каса во 2022?

January 15, 2022 16:17
in ТОП 5, ЦИТАТИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Општествено-филозофската природа на феноменот на надежта е широко оспоруван и фален концепт. Додека едни тврдат дека не можеме да се надеваме на нешто што е тешко остварливо, други се залагаат дека токму вербата во остварливоста на невозможното ја дефинира надежта како клучен фактор на успехот и кога тој се чини невозможен. Кој пристап ќе надвладее зависи од личната и општествената интерпретација на сегашноста и иднината, особено на проценката колку надворешните фактори, како чистата среќа, распоредот на ѕвездите, „судбината“/Господ или други „виши сили“ ќе се погодат, или нема, за да ни се остварат желбите.

Во оваа смисла, луѓето често и забораваат дека, ако добро не се одработи, осаменоста на надежта е лоша, па и демотивирачка стратегија за успех. Тоа важи и за верувањето според кое само некои други треба да одработат, за да ни се остварат нашите надежи. Се влече таа линија уште од толкувањата на христијанските есхатологии за судбината на светот и човекот и марксистичките утопии за достижноста на потребите наспроти можностите. Па, со такви „асиметрични“ напори, и баба ми може! А и баба му на Кант, самиот да не ја авансираше тезата дека за општиот историски успех е потребна колективната надеж, но само како двигателен агент за индивидуалните напори во остварувањето на личната среќа. Ако за ова се постигне општествен консензус, други „црвени линии“ стануваат многу помалку важни.

Затоа и сметам дека да се посака „Среќна Нова 2022 година!“ не е бесмислена желба, бидејќи на духот на оваа нација ѝ е потребна надежта дека идната година ќе биде подобра! (Циниците би рекле дека полошо од ова и не може… А, може, може.)“.

Извадок од колумната „2022: „Надежта итно да се јави на главна каса“!“, од Сашо Орданоски, објавено на 31 декември 2021 година.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ