На прашањето дали Илинденска Македонија е прифатливо решение за нив и нивните партии, Африм Гаши одговори дека ако името е е прифатливо за сите граѓани и заедници, ако такво име се поднесе заеднички нема да имаме проблем.
„Сакам принципиелно да одговорам на оваа прашање. Ако името е прифатливо за сите граѓани и заедници, нас најбитно ни е да бидеме сплотени во нашиот пат кон ЕУ и НАТО. Ако такво име би не однело таму сите заедно, ние немаме проблем во однос на тоа име, какво било да е. Но, за овој конкретен предлог не сме разговарале во партијата, со оглед дека Грција го одбива. За нешто што е одбиено не можеме да разговараме“, рече Гаши.
Гаши упати и на потребата за референдум како една од најдемократските алатки, особено кога се зборува за таков проблем кој ги засега сите граѓани.
„Понекогаш политичарите треба да преземат одговорност затоа што се одбрани да донесуваат одлуки, но кога се работи за суптилно и сензитивно прашање, мислам декареферендумот е најдобра алатка да се реши проблемот“, рече Гаши.
„Не можеме да говориме за Илинденска Македонија, затоа што тоа беше употребено за дневно маркетиншки цели и сметаме дека пак ќе се вратат предлозите на Нимиц… Она што го дознаваме за името доаѓа од Грција, а не од наша страна… “, одговори Кекеновски.
„Јас не верувам дека ќе се реши спорот со името… Нашата стратегија за правно решавање на спорот со името не ги исклучува преговорите“, одговори Кекеновски на прашањето за дали воопшто ќе реши спорот со името и во која временска рамка.
„Јас сум оптимист дека до крај на годината спорот со името ќе се реши“, рече Африм Гаши на истото прашање.