• Latest

Кекеновски: Оваа власт одамна требаше да биде замината!

April 5, 2016

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кекеновски: Оваа власт одамна требаше да биде замината!

April 5, 2016 16:20
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По вчерашното обраќање на дванаесеттемина пратеници од првиот состав на плуралното Собранието на ;Македонија од 1990-тата, со кое се апелираше до сите политичките партии да се обединат и на претстојните избори да одлучат – „Груевски или Македонија: тоа ќе бидат изборот на следните парламентарни избори!“, ЦИВИЛ Медиа разговараше со Јове Кекеновски од движењето Фронт за демократска Македонија (ФРОДЕМ).

Кекеновски, меѓу другото, изјави дека го поздравува обраќањето на пратениците од 1990-тата, како и дека и ФРОДЕМ и Форумот на слободоумни патриоти се обидуваат да ја вратат партијата ВМРО-ДПМНЕ на членството, а не и понатаму да биде во сопственост на едно семејство!

[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=x8o7JPnCg5Q[/youtube]

ЦИВИЛ: Како го оценувате вчерашното обраќање на дванаесеттемина пратеници на првиот состав на Собранието до актуелната власт?

Кекеновски: Најнапред го поздравувам ова обраќање, ова не е прво обраќање, туку пратениците на првиот состав, неколку пати досега реагираа. И тоа е во функција на сите наши заложби, на сите коишто сме учествувале, сме се втемелувале во ВМРО, во неговото етаблирање, претставување во јавноста, меѓутоа и во неговото досегашно опстојување. Соочени и загрижени за тоа каде оди демократијата и каде оди партијата, реагиравме во повеќе наврати, и оттаму, сите вакви и слични соопштенија кои се во функција на редефинирање на политичкиот систем, меѓутоа и во функција на прогрес во внатре партиската демократија, се – за поздравување.

ЦИВИЛ: Со барање на оставка на Груевски реагираше и Форумот за слободоумни патриоти, од кој дел се и основачи на ВМРО-ДПМНЕ. Вашиот коментар?

Кекеновски: Форумот на слободоумни патриоти е наша творба, кога велам – наша, ние први почнавме со создавање на тој Форум на слободоумни патриоти, меѓутоа, кога видовме дека ние однатре, не можеме да направиме нешто посериозно во овој сегмент, ние решивме да се одделиме како ФРОДЕМ и да дејствуваме однадвор. Со тоа што, оние кои што останаа внатре, еден дел – велам, дека се основачи. Меѓутоа, и во ФРОДЕМ има основачи на ВМРО-ДПМНЕ, и решивме секој на свој начин да се бориме. Целта ни е да си замине оваа врхушка на ВМРО-ДПМНЕ и да се обидеме, секој на свој начин, да придонесеме да ја вратиме партијата на вистинските позиции, да ја вратиме идеологијата во партијата, да ја вратиме партијата на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, а не и понатаму да остане во сопственост на едно семејство.

ЦИВИЛ: Каков е ставот на ФРОДЕМ за можноста за одржување на изборите на 5 јуни?

Кекеновски: Во оваа ситуација неблагодарно е да се прогнозира, во секој случај, ФРОДЕМ како здружение на граѓани, ќе се обиде во рамки на  позитивната законска регулатива – да изнајде начин да се појави на овие избори во коалиција со поголем број политички субјекти. Ние работиме на создавање на една, би рекол, политичка сила или трет блок, ако сакате да бидам поконкретен. Чинам дека ќе успееме во тоа, чинам дека ќе ги реализираме нашите заложби да се појавиме на избори, и секако, да имаме успех на изборите, од причина што оваа власт одамна требаше да биде замината. А, од друга страна, да дадеме свој придонес за заминување на оваа политичка и партиска врхушка која ја држи во заложништво нашата држава.

 

Биљана Јордановска

 

 

Tags: Биљана ЈордановскаВМРО - ДПМНЕГруевскиизбориЈове КекеновскиоставкаСобраниеФРОДЕМЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ